Во октомври, весникот „Чикаго Трибјун“ започна со кампања #StandWithAleppo, која набрзо стана популарна поради тоа што наводно била креирана од „две мајки од Чикаго“ кои гледаат во документ од злосторствата кои се случуваат во источно Алепо. Но, некој од читателите на интернет набрзо потоа открил дека една од жените која се претставува како „мајка од Чикаго“ е новинар, а другата е претседавач на „СуперПАК“, пишува Инфомакс.Во текот на ослободувањето на Алепо од страна на сириската армија, хаштагот на Твитер #StandWithAleppo се претвори во екстрено популарен хаштаг, со корисници кои се приклучуваа на кампањата на западните мејнстрим медиуми во осудата за сириската влада која беше осудена за воени злосторства во градот.
И покрај големиот број на приказни, фотографии и видео материјал од алтернативните медиуми на кои се гледаше дека жителите на градот најчесто се радосни по ослободувањето, хаштагот стана повик за анти-Асад движењето, анти-рускиот наратив кој се шири од мејнстрим едиуми и Западните влади. Но, еден од критичните корисници на Твитер започна со истрага за потеклото на приказната позади виралниот хаштаг и кампањата, и открил дека Беки Керол и Венди Видом се „две обични мајки“ кои ја лансирале кампањата и немаат никаква врска со Сирија.
Чикаго Трибјун, кој направил интервју со двете жени во октомври, ги опишал Керол како консултант за стратешки работи која „одлучила дека е време нешто да се преземе“ за да им се помогне на луѓето во потреба во Алепо.
Но, има друга страна. Според нејзината веб страница, Керол работи како консултант во компанија од Чикаго како консултат во јавниот сектор.
Всушност, на страницата пишува дека Керол била Национален директор на кампањата „Жените за Обама“ во текот на 2008 година, а подоцна работела како извршен директор во „Чикаго Форвард“, СуперПАК која собрала повеќе милиони долари за градоначалникот на Чикаго и екс-шеф на кабинет на Обама Рам Емануел.
7. “Two ordinary moms.” One is CEO of a strategic communications firm; other is a social media manager for CBS. https://t.co/ox8NaQK3Ar pic.twitter.com/QaEosYiiAH
— Club des Cordeliers (@cordeliers) December 15, 2016
Ведни Видом пак, е уредник на социјални медиуми за Си-Би-Ес Чикаго, дел од телевизиската мрежа која од Алепо известуваше апсолутно необјективно, држејќи се до трендовите на западните мејнстрим медиуми.
Со други зборови, со обична претрага во работните места на жените, може да се утврди дека овие „обични мајки“ се всушност политички и медиумски ветерани, контрибутори во спинувањето на наративот во врска со сириската војна, вклучително и ситуацијата во Алепо.
Минатата недела, сириската армија прогласи победа во Алепо, поразувајќи ги милитантите од последните бастиони на отпорот. Набрзо потоа, Западните медиуми започнаа со спинување на хорор приказни, и обвинувања дека сириската и руската армија направиле злосторства во ослободените територии во Сирија. Обвинувања кои и сириската и руската влада, но и независните набљудувачи ги отфрлија како пропаганда.
Во Македонија од неодамна се присутни неколкумина медиумски и пропагандистички ветерани кои претходно работеле како консултанти или новинари во дел од мејнстрим медиумите во САД. Меѓу нив има и големи имиња кои работеле во медиумскиот сервис на Пентагон Си-Ен-Ен, а се на работна задача да обучуваат новинари и пропагандисти во Македонија. Најголемиот дел од учениците на овие пропагатори се вработени во една опозициска телевизија која има програма на албански јазик.
Претходно, од Македонија во светот се проектираше слика дека македонските власти вршат воени злосторства врз терористите од УЧК кои во Западните мејнстрим медиуми беа претставувани како „мирно малцинско население“, а државата беше обвинета за обид за геноцид и покрај тоа што две години претходно прими преку 300.000 бегалци од Косово.Во текот на ослободувањето на Алепо од страна на сириската армија, хаштагот на Твитер #StandWithAleppo се претвори во екстрено популарен хаштаг, со