Мексиканските власти одлучија во текстот на Уставот да внесат десет јазици на домородните народи кои живеат во земјата, соопшти министерството за образование на Мексико.
Во понеделникот Мексико одбележа 96-годишнина од усвојувањето на националниот устав.
Според властите, преводот на највисокиот законодавен акт им овозможува на домородните народи да се вклучат целосно во животот на државата, да се развива употребата на нивниот мајчин јазик, како и да се потенцира нивната важност за денешно Мексико. Така, Мексико може ќе може да ја обезбеди мултинационалноста и учество на претставници на сите етнички групи во заедницата.
Преводот на мексиканскиот устав директно е извршен на десетте јазици, и тоа: чол, чонтал, миштекски, сапотекски, пима, тараумара, тепеуано, јаки, мајо и соке
Makфакс
Мексиканските власти одлучија во текстот на Уставот да внесат десет јазици на домородните народи кои живеат во земја