Меланија ја чува традицијата: Погледнете како првата дама на САД се подготвува за празниците во Белата куќа

Првата дама на САД, Меланија Трамп денеска ја продолжи долгогодишната традиција и ја прими официјалната божиќна елка во Белата куќа.Таа и синот Барон ја примија шест метри долгата елка од американската држава Висконсин, кои официјалните лица од Белата куќа ја одбраа во септември.
Џим и Дајан Чепман, сопственици на фарма за елки во Висконскин, победија на годинешното натпреварување на Националното здружение на божиќни елки и така се избрани да ја донесат својата елка во Белата куќа оваа година.
Квартет свиреше празнични песни додека запрежна кола со коњи го носеше дрвото во Белата куќа.
Откако првата дама и синот Барон симболично го одобрија дрвото, тоа е однесено во Сината соба каде ќе биде изложено за празниците.

Таа и синот Барон ја примија шест метри долгата елка од американската држава Висконсин, кои официјалните лица од Белата куќа ја одбраа во септември

Пронајдете не на следниве мрежи: