Како и многуте видови на мед, медот од тиква исто така се користи во медицински цели. Областите на примена на овој мед се разновидни.Најефикасен е при лекување на болести на црниот дроб и бубрезите. За многумина овој мед е драгоцен, бидејќи ефикасно помага за жолчката и лечење на болести на уринарниот тракт.
Благодарение на својот благо лаксативен и диуретски ефект, медот од тиква совршено помага при запек и разни болести на дебелото црево. Во исто време, поради високата содржина на витамини и каротен, овој мед е извонреден засилувач на имунитетот, како и општиот животен тонус.
Помага во борбата со зголемен холестерол, атеросклероза, ги намалува отоците на срцева инсуфициенција. Користење на мед од тиква се препорачува и кај дебелите луѓе.
Како да подготвите мед од тиква:
За подготовка на овој мед потребна ви е една зрела жолта тиква.
Се што е потребно е да го отсечете врвот и да ја извадите внатрешноста (семките и влакната).
Во добиениот голем отвор треба да ставите шеќер, било кој по ваша желба.
Кога ќе биде готово, поклопете со отсечениот врв и оставете да стои 10 дена на ладно место.
Најдобро е тиквата да ја ставите во некој поголем сад, бидејќи со време ќе омекне и ќе биде тешко да се премеша….
Продолжува на следната страна…
За тоа време шеќерот ќе се стопи во сокот од тиква. Штом ќе се стопи шеќерот, го тргаме поклопецот и добиената течност ја префрламе во стаклен сад.
Ако случајно на поклопецот од тиквата се фатила мувла, тоа не е ништо страшно. Во тој случај направете дупка на дното на тиквата, и преку неа истурете ја течноста во тегла.
Чување на медот од тиква:
Најдобро е да се чува во фрижидер во чиста стаклена тегла со капаче. Рокот на траење му е околу 1 месец.
За да го зачувате подолго, може да го сварите додека се згусне, но во тој случај се губат корисните состојки.
А како се користи овој мед?
Тоа е ваш избор. Можете со него да засладувате чај, можете да го користите самостојно 2-3 пати дневно, по 2-3 супени лажици, може да го користите како прелив за палачинки или да измислите своја варијанта.
Користете го колку сакате временски. Ако ви е малку може да припремите одеднаш 2-3 тикви.
Ако во некој случај не сакате или не можете да користите шеќер, тиквата наполнете ја со мед од пчела.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Најефикасен е при лекување на болести на црниот дроб и бубрезите. За многумина овој мед е драгоцен, бидејќи ефикасно помага за жолчката и лечење на