Директорот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Иван К. Заров и заменик извршниот директор на Националната библиотека на Кина Чен Ли ќе потпишат Меморандум за соработка.На официјалното потпишување на Меморандумот, како што е најавено, ќе присуствуваат амбасадорот на Кина во Македонија Вен Женшун и претставници на Министерството за надворешни работи на Македонија.
Меморандумот, како што е најавено, има за цел проширување на соработката во областа на библиотечно-информациската дејност и зајакнување на професионалните односи меѓу двете библиотеки.
НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје е домаќин на петчлена делегација од Националната библиотека на Народна Република Кина во состав на заменик извршен директор на Националната библиотека на Кина Чен Ли, заменик директор за меѓународна соработка Ма Џинг, заменик директор на секторот за општи работи и управување Шје Чјанг, заменик директор за набавка на библиотечен материјал и обработка Ванг Јанг и библиотекар во меѓународна соработка Хао Џинмин.
Колегиумот на НУБ ќе оствари и работна средба со гостите од Кина заради заемно запознавање со достигнувањата и перспективите на развојот на библиотекарсвото при што ќе се разменат идеи за проекти во областа на стручната обработка, современите технологии, реставрацијата, конзервацијата, како и дигитализацијата на библиотечен материјал.
НУБ за гостите ќе подготви пригодна изложба и ќе претстави дел од непроценливото културно наследство на Република Македонија што се чува во фондот на НУБ, а кое зборува за културните и историските вредности и корени на нашиот народ.На официјалното потпишување на Меморандумот, како што е најавено, ќе присуствуваат амбасадорот на Кина во Македонија Вен Женшун и претставници на М