Сабине Кем демантираше дека будењето од кома на Шумахер е прекинато.Неколку германски медиуми објавија утрово дека поради компликација која настана во текот на постепеното будење од вештачката кома на Шумахер, процесот е прекинат.
Шумахер се наоѓа во предизвикана вештачка кома од 29-ти декември по тешката несреќа во Мерибел во Франција, каде се здоби со тешка повреда во пределот на главата откако удри во карпа. Шумахер од тогаш се наоѓа во болницата во Гренобл, каде два пати беше и опериранДокторите на крајот на јануари започнаа со процесот на постепено будење, кое според најавите можно е со месеци да трае.
Меѓутоа, неколку медиуми објавија дека лекарите се соочуваат со компликации, па поради тоа процесот е прекинат. Менаџерката на Шумахер, Сабине Кем, брзо реагираше и ја демантираше оваа информација.
„Состојбата на Шумахер е непроменета. Оваа фаза може да трае долго време, а на наша жалост, некои очигледно погрешно го толкуваат“, изјави менаџерката.
Неколку германски медиуми објавија утрово дека поради компликација која настана во текот на постепеното будење од вештачката кома на Шумахер, проце



