Њујорк- Асистентката на еден средношколски наставник на њујоршкиот Статен Ајленд се впуштила во повеќемесечна љубовна афера со еден од своите ученици, поради што неодамна даде отказ.Dina Casaliggi (38) падна во прегратките на неименуваниот 19 годишник со кој, како што и раскажала на една колешка, имала сексуални односи во автомобилот, па во сопствената куќа за време кога сопругот и одел на службен пат.
Според информациите, романсата на Дина со момчето траела година ипол, а иако некое време била под истрага, полицијата против неа нема поднесено никаква пријава, бидејќи не е јасно дали врската ја започнале кога ученикот се уште бил малолетен.
Додека истрагата уште траела, Дина се разнежнила, па се и раскажала на колешката а и открила и дека некои од интимните моменти со ученикот ги имаат снимано. Додала дека живее во страв дека сопругот со кој има две деца, ќе ја открие снимката. Рекла дека нејзиниот сопруг го познава ученикот, со оглед на тоа што неколку пати , не откривајќи за кого се работи, му ги оставале децата на чување.
Дина на својот љубовник му купила мобилен со посебен број резервиран само за размена на СМС и телефонски нежности со него. Му пишувала и љубовни писма, а пронајдена е и фотографија на која момчето лежи на голите гради на менторката.
Иако како што покажуваат документите Дина уште лани ја признала врската со младиот ученик, денес тврди дека биле само пријатели и дека немало никаков секс. „Во училиштето во кое работев имав непријатели. Ја измислија приказната за аферата само за да не работам повеќе таму“, тврди Дина чии брак се распадна во меѓувреме.
Признава дека со момчето дневно разменувале по неколку СМС пораки, но инсистира дека со него комуницирала исклучиво како менторка.
Самото момче тврди дека навистина бил во врска со Дина, а неговиот татко се посомневал дека меѓу нив нешто се случува кога сфатил дека од неа не добива никакви информации од тоа како напредува неговиот син во усвојувањето на материјалот, што како негова менторка била должна да го прави. Dina Casaliggi (38) падна во прегратките на неименуваниот 19 годишник со кој, како што и раскажала на една колешка, имала сексуални односи во автом



