Мери Калвер (63), која скоро 40 години е во брак со сопругот Бери за кој вели дека тој е нејзиниот свет, вели дека тие двајца имаат необичен однос.„Ниеден од нас двајцата не го става сексот на пиедестал. Го гледаме таков, каков што е – нешто сосема поинакво од љубовта“, вели таа и додава дека досега спиела со околу 3.000 мажи!
„Не мислам дека е природно да се има само еден сексуален партнер цели 60 години. Животот се состои од експериментирање и искуства, а тоа е она што ние го правиме“, истакна таа, додавајќи дека и нејзиниот сопруг има секс со други жени. Мери додаде дека воопшто не е љубоморна, бидејќи знае дека тој ја сака, пренесе The Guardian.
„Во првите 13 години од бракот, спиев само со него и имавме очаен сексуален живот, сѐ додека Бери еден ден не донесе свингерско списание. Се пошегува дека би можеле да пробаме нешто ново, но јас одбив и повеќе не ми го спомнуваше тоа“, се присетува Мери.
Иако се противела на идејата, сѐ повеќе го прелистувала списанието и размислувала колку тоа искуство би можело да биде забавно. Таа му рекла на Бери дека се предомислила и решиле да видат како ќе изгледа сето тоа. Животот им се сменил од тој момент.
„Станавме свингери, ги поминувавме викендите со други парови и отидовме до толку далеку што само за една ноќ спиев со 14 мажи“, вели Мери. Тие во 1977 година отвориле свингерски клуб, бидејќи сакале и на другите да им овозможат да го искусат истото.
Таа истакнува дека се внимателни при средбите со други парови, за да не бидат во опасност. Бери секогаш се наоѓа во нејзина близина за да ја чува од потенцијални ризици. Со оглед на тоа дека Мери денес има 63 години, таа одлучи да го забави темпото, но само малку.
„Сексот не е нешто од што живеам, туку е моја страст. Тоа е најубавиот и највозбудливиот начин да го поминете времето. Некои жени сакаат јога, некои готвење, а јас сакам секс“, истакнува оваа искусна свингерка.
Мери храбро ги изнесува своите ставови и не го крие својот начин на живот и иако често налетувала на осуди, таа тврди дека единствената работа поради која што жали е што таа и Бери не започнале да живеат ваков живот уште од самиот почеток на бракот.„Ниеден од нас двајцата не го става сексот на пиедестал. Го гледаме таков, каков што е – нешто сосема поинакво од љубовта“, вели



