Mercedes-Benz CLK GTR за 1,5 милиони евра

Ако сегашната понуда на хипер автомобили не ви е доволно интересна, решението можете да го пронајдете помеѓу старите модели, кои без проблем ги исполнуваат сите најнови стандарди кога станува збор за брзината.

Тоа е случај и со овој Mercedes CLK GTR од 2002 година, еден од ретките тргачки автмобили направен за пат, кој од скоро, преку сајтот eBay, тргна по потрага по нов сопственик.

За сега не е познато кој ќе биде новиот сопственик но, сигурни сме дека станува збор за личност со длабок џеб, поради тоа што за овој фантастичен примерок германските инжињери мораа да издвојат 1,5 милиони евра.

За правите љубители на автомобили цената не е ништо во споредба со перформансите на овој автомобил, кој поседува 6,9 литарски V12 мотор со 612 КС и 775 Nm вртежен момент. За забрзување до „стотка“ му требаат помалку од 4 секунди, а максималната брзина која што може да ја развие е 320 км/ч.Ако сегашната понуда на хипер автомобили не ви е доволно интересна, решението можете да го пронајдете помеѓу старите м

Пронајдете не на следниве мрежи: