Mercedes G63 AMG 6×6 – нов детал на фантастичниот теренец

Не се сомневаме дека на богатите шеици ќе им се допадне овој теренец Mercedes G63 AMG 6×6, неверојатно off-road возило, со одлични карактеристики, а од нивните реакции ќе зависи и производството на новиот модел.

G63 AMG 6×6 е долг 5,87 метри, 2,1 метар широк, а висок 2,3 метра. Тежок е 3,85 тони, а во споредба со стандардниот G63 AMG – модел (210мм), е дупло поголем (460мм). Накратко, станува збор за машина за која не постојат препреки.

За неговите off-road способности најдобро говорат шесте точки, на кои се распоредени 544 КС и 760 Nm вртежен момент. За сега нема официјални детали за перформансите но, е познато дека теренецот ќе има резервар од 159 литра.

Иако има агресивен надворешен изглед, ентериерот на G63 AMG 6×6 е максимално луксузен. Внатрешноста е прекриена со кожа и јаглеродни влакна, а како дел од AMG пакетот во ентериерот е користен и бамбус.
Неговата цена сеуште е непозната.Не се сомневаме дека на богатите шеици ќе им се допадне овој теренец Mercedes G63 AMG

Пронајдете не на следниве мрежи: