По егзекуцијата на поранешниот романски претседател Николај Чаушеску која се случи во 1989 година, целиот имот на диктаторот беше конфискуван. Една од пронајдените лични работи од него беше конвертибилниот Mercedes-Benz 350 SL, произведен во далечната 1973 година.Десет години по конфискацијата на имотот, новата романска власт одлучи да продаде голем дел од имотот, вклучувајќи го колекционерскиот Mercedes. Така, тој се најде во рацете на анонимен колекционер, кој го купи со километража од само 4.038 километри.
Откако автомобилот поминал 13.460 километри, бил испратен во Германија за целосна реставрација. До ден-денешен, возилото е зачувано во одлична техничка состојба и сѐ уште е со оригинална гуми од 1973 година. И сега, култниот Mercedes на Чаушеску повторно беше изложен на аукција.
Она што најмногу ги импресионира познавачите на слични возила, е дека предметниот автомобил кој се наоѓа во совршен оригинален изглед и поседува таква богата историја, беше продаден за 55.720 американски долари – износ кој се смета за исклучително низок меѓу колекционерите на автомобили.
За споредба, ќе кажеме само дека за истите пари може да се купи современа конвенционална E-Klasse.
Новиот сопственик на возило исто така е анонимен, а дел од парите што дал за автомобилот на романскиот диктатор се донирани за добротворни цели.
Десет години по конфискацијата на имотот, новата романска власт одлучи да продаде голем дел од имотот, вклучувајќи го колекционерскиот Mercedes. Та