ПАК ЛИ ?…О милостив Боже,За извесно времеизбери си друг народ,зошто ние сме веќеизморени од смртии труповии немаме веќе молитвинаш милостив Боже,за извесно времеизбери си друг народ!
Анте Поповски
Политичкиот цинизам на деновиве што нѐ мелат, ја премина секоја мерка. Гоце не умре од непријателски куршум.Неговото срце препукна од неговата немилосрдна мисла за својот народ, кој како ретко кој друг ги предава со леснотија своите најдобри синови. Леснотијата за еден толку неморален чин, може да дојде од проклетиот извор на невербата, не само кон себе и кон другите, туку и невербата во Бога.
Читам историја која болшевичките неверници не ме учеа во социјалистичкото училиште.
Долг и предолг е списокот на злосторите што си ги направивме предавајки се и убивајќи се еден со друг, а за сметка на кодошите.
Така започна сѐ. Започнавме да правиме држава, а за тоа се потребни тројца: крал, шут и кодош. И одеднаш се соочивме со самите себе: сите и истовремено, сакавме да бидеме кралеви на едно исто кралство, сите истовремено сакавме да бидеме, ако не кралеви на своето, шутови на туѓи кралства и – види богати, кодоши за сметка на сиот свет.
И така, кога историјата ни даде можност да се возгордееме со нашите просветители Светите Кирил и Методиј, со кои се гордее цела Европа и од чија што азбука не се усрами ни најголемата империја на светот – руската, ние, итар-будали, како што милуваме, разгалено да мислиме за себе, прифативме азбука донесена на подарок од отровната УДБА. И така, се сродивме со еден голем цинизам: Климента Светиот го усвоивме за свој светец, ама неговото писмо го отстапивме, без око да ни трепне на Бугарите.
Шатев нека почива во мир, Ченто, Бог да го прости и мир од коските да им тече на Брашнаров, Полежина, Петре Пирузе-Мајски, Коста Рацин и сите други знајни и незнајни јунаци што паднаа со оние 44.000 жртви, поради кои 44.000 мајки и ден денес тажат на знајни и незнајни на цели и искасапени гробови, поради кои 44.000 чеда на Македонија се израснати без закрила од своите татковци и кои сега се фрлени за ручек на новите стрвождери. Сите тие загинаа за Македонија. Идеолошките насленици кои бараа и добија жртви за Македонија, а всушност тоа беа жртви за Југославија, и ден-денес се служат со исто измамничко клише.Впрочем, современата историја на Македонија, која започнува со злосторничко зружување на таканаречените комунисти против најголемите синови на Македонија, воглавно е составена од врвулица на политички измами на префарбаните комунисти во новопечени и неоиспечени демократи. Од геноцидот на Голи Оток преку прашањето за референдумот за самостојна Македонија со оној никаде невиден капиџик оставен за бегство на македонските кодоши, кој гласеше: – со право на здружување! Цинизам и пол! Тоа не можеше ништо друго да значи, освен се раздружуваме со Југославија, но сме и за повторно здружување!? Потоа се откажавме од заштитата на македонските малцинства во околните држави, се откажавме од името, се откажавме и од знамето. Се откажавме и од тогашната територијална поделба и мува не нѐ лазаше. Сето тоа ни го направија од зад грб на најподол измамнички начин.
Па зошто сега да не се откажеме и од нас самите, наскоро ќе праша некој новоцрпнат лидер?
Е па затоа што, ако некој ве излаже еднаш, вие сте наивен, ако тој некој ве излаже двапати тогаш сте, не само наивен, туку и будала. Ако некој ве излаже сериски, како што е лажен и прелажан Македонскиот народ, тогаш се случува обратното. Се случува прималот. Зовира. А пак трпиме. Надвор сме, а сѐ уште трпиме. Врне, а трпиме. Пече Сонце, а трпиме. Револуција правиме, а трпиме. Сме капарисале ли кај Бога неколку животи за да трпиме??До кога ќе трпиме да ни ја вреѓаат интелигенцијата црпнати, метафори и слични креатури?Уморни сме од трпење. Д-р Мери ГеоргиевскаНеговото срце препукна од неговата немилосрдна мисла за својот народ, кој како ретко кој друг ги предава со леснотија своите најдобри синови. Лесно