Преку ново најавената мерка од програмата на ВМРО-ДПМНЕ со која се предвидува 80% поддршка во набавката на високо приносен добиток се отвора нова епоха и се очекува да направи вистинска револуција во развојот на сточарството во Македонија.Со мерката која вчера ја промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а која би стапила на сила од јануари идната година, предвидено е Владата да покрие 80% од трошоците за набавка на високоприносен добиток, со кој не само што ќе се подобри квалитетот на производството и одгледувањето на добиток, туку за неколку пати ќе се зголеми заработувачката на сточарите и оние кои планираат да се занимаваат со сточарство.
Во Македонија поголемиот дел од добитокот не е со висок генетски потенцијал и е потребно преоирентирање кон обезбедување на високо приносен добиток кој има повеќекратен бенефит за земјоделците.
-Од она што до сега е регистрирано во Македонија најчесто автохтоните раси се како вие што имате, за кој што просекот во Македонија е 3.000 литри од една таква крава од 305 дена лактација во годината. Во новата програма предвидуваме една нова мерка со која што се предвидува да се помогне на сточарите и на оние кои што сакаат да бидат сточари да можат да набават високоприносрни говеда кои што во тие 305 дрна лактација ќе даваат по 8.000 литри млеко. И 80% од трошокот за набавка ќе го покрива државата до вредност на трошокот од 10 милиони денари. Тоа е огромна помош, рече Груевски.
Набавката на високопроносен добиток е значајна, бидејќи пред се обезбедува поголем принос, кој значи поголем приход, подобар квалитет на производот, било да е млеко или месо, поголем период на лактација кај добитокот кој дава млеко и поголема месна маса кај добитокот кој е наменет за производство на месо, како и поголеми шанси за конкурентност на европскиот пазар.
-Се предвидува и за оние кои што одгледуваат крави за месо, замената на кравите да може да се направи со 80% Поддршка од државата Сега просекот во Македонија за да стигне кравата некаде до 500 кг, за да биде подготвена за колење и за продажба на месото потребно е во просек околу 18-24 месеци за да стигне до 500 кг и да биде спремна за кланица. Новите типови за кои што владата ќе дава 80% поддршка ќе може за 12-14 месеци да стигнат до 500 кг и да одат во кланица. Така што обртот ќе биде многу поголем и заработката многу поголема, појасни Груевски.
Средствата се спроведуваат како неповратна финансиска поддршка за набавка на високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од расата буша), педигрирани машки и женски приплодни грла овци, педигрирани машки и женски приплодни грла кози и педигрирани свињи (нерези и назимки)- оригинали или хибриди.
-Во Македонија постојат почетни искуства за високо приносен добиток, кои се исклучително позитивни. Веќе во Македонија, во пелагонискиот регион се присутни крави од расата Холнштајн и тоа околу 3.500 грла. Просекот е 7.200 литри во период на лактација и тој расте и се приближува до еворпскиот просек, изјави Груевски.
Набавката на грлата ќе се врши од признати организации на одгледувачи на добиток. Право на користење на мерката имаат одгледувачи на добиток кои се запишани во Единствениот регистер на земјоделски стопанства, а максималната вредност на прифатливите трошоци ќе изнесува до 10 000 000 денари по корисник.
Воедно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ промовираше повеќе проекти кои се во интерес на земјоделците се со цел решавање на нивните проблеми и зголемување на нивниот бенефит.
Поддршка од 80% за систем капка по капка
Една од мерките предвидува можност за 80 проценти поддршка од државата за системи капка по капка и ископ на нови бунари. Воспоставување на систем за наводнување, кој наоѓа широка примена и соодветно дозирање на водата овозможува зголемување на приносите кај неколку култури и неколку пати. Груевски потенцираше дека проценките говорат дека цените на чинење за инсталирање на систем Капка по капка за површина од еден хектар: за овошен насад 105.797 денари, за лозов насад 114.422 денари и за систем за наводнување на житни култури 123.000 денари.
-Осумдесет посто од средствата за реализација на наведените активности ќе бидат обезбедени преку државата. Ќе бидат обезбедени преку програмата за рурален развој на земјоделството, а остатокот од средствата ќе ги обезбеди корисникот. Максималната површина за која ќе се однесува поддршката ќе биде до 50 хектари, рече Груевски при промовирање на оваа мерка.
Што се однесува до ископот на бунари, рече Груевски, просечната сума која е потребна за изградба изнесува околу 150 илјади денари, или околу 2,5 илјади евра на длабочина до 50 метри.
-Со ова, со оваа најнова мерка државата ќе покрие дури 80 проценти пари кои остануваат како заштеда за земјоделецот. Дополнително ќе бидат извршени и законски измени со кои ќе се олесни и поедностави постапката за добивање на водостопански дозволи за изградба на бунари, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Агро бизнис зона за полесен пласман
Следниот проект е во интерес и на производителите и на преработувачите. Во план е да се формира агро бизнис зона. Во неа треба на едно место да бидат сконцентрирани складишни центри, трговци и компании, како и други претставници во синџирот за набавка на свежи и преработени земјоделски производи, кои ќе им станат достапни на земјоделците. Зоната ќа биде во централна Македонија.
-Главните бизнис активности што ќе се нудат во зоната ќе бидат калибрирање, пласирање, пакување и разладување, определување цена на берза, утовар и дистрибуција и купопродажба. Со тоа Македонија ќе добие интегриран систем за пласман на земјоделското производство што ќе го намали бројот на учесниците во синџирот на набавка и ќе овозможи поповолна цена за земјоделските производители, објасни рече Груевски.
За проектот се користи искуство од Холандија, а таму ефектите се и повеќе од видливи.
-Предноста на аукцијата е што има можност да влијае на цената на определен производ во насока на заштита на производителите и доколку на аукцијата има поголема понуда во еден ден, а недоволно побарувачи, тогаш складирањето на производот може да се продолжи за да не падне цената и да се понуди во некои од следните денови кога е предвидено тргување, вели Груевски.
Земјоделски советници
Со овој проект, кој за земјоделците значи осовременување на македонското земјоделство, ќе се придонесе кон поголемо и поквалитетно производство, а со тоа и поголема конкурентност на пазарот.
–Се работи за проект со кој што сакаме да им помогнеме на земјоделците да добијат советници, земјодлески советници е насловот на проектот. Ќе бидат на база слична на матичните лекари, ќе бидат плаќани од државата по капитација, односно по глава на жител-земјоделец, односно колку има привлечено змејоделци да им биде советник, толку соодветно ќе биде платен и ќе бидат добро платени, ќе има голем интерес за таа професија, но тие ќе бидат должни неколку пати во годината да го посетуваат земјоделецот, да му даваат најдобри стручни совети, совети кои се базирани на најновите научни истражувања во делот на земјоделито во светот, рече Груевски.
Исто така, Груевски нагласи дека советниците ќе имаат обврска да ги посетуваат земјоделците на нива, да ја испитуваат земјата, да им дадат совет за нивниот плод и ќе имаат обврска да напишат што ги советувале, каков совет им дале, и потоа да ги видат резултатите.Со мерката која вчера ја промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а која би стапила на сила од јануари идната година, предвидено е Влада