Меркел се однесува премногу меко кон Трамп

Лидерот на германските социјалдемократи Мартин Шулц денеска ја искритикува канцеларката Ангела Меркел за тоа што не покажува поголема цврстина кон американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе ДПА.Германската канцеларка ретко се осмелува да влезе во конфликт со американскиот претседател. Досега таа секогаш остануваше само на теорија, рече Шулц во интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг“.
„Не можете од време на време на еден претседател да му одговорите само со јасно „не“. Јас на Трамп би му кажал : Вашите размислувања за зголемување на воените зафаќања од буџетот, што со ништо не се оправдани, не се наши“, изјави тој.
Шулц и е соперник на Меркел во трката за канцелар на парламентарните избори закажани за септември. Слабее првичното воодушевување од неговата кандидатура, а социјалдемократите сега во анкетите заостануваат зад конзервативците со двоцифрена разлика.
Шулц кажа дека неговите критики се насочени не само кон Меркел, туку и кон другите лидери, кои ќе учествуваат на средбата на Г-20 во Хамбург, следната недела.
„Средбата на Г-20 ќе биде средба на необврзувачки изјави. Демократските влади треба да се запрашаат дали сакаат со автократи да потпишат документи со минимална согласност. Место тоа, тие треба јасно да се покажат во заштита на климата, на миграцијата и политиката за развој“, изјави тој.
-Треба ли да им правиме отстапки на Трамп, на Ердоган, на Путин? Не, рече Шулц.Германската канцеларка ретко се осмелува да влезе во конфликт со американскиот претседател. Досега таа секогаш остануваше само на теорија, рече Шул

Пронајдете не на следниве мрежи: