Меркел: Во интерес на Германија е да се укинат сакнциите кон Русија, но под еден услов

Германската канцеларка Ангела Меркел порача дека во интерес на Германија е да се укинат санкциите кон Русија, но за тоа постои само еден услов.-Кога ќе видиме напредок во согласност со Договорот од Минск, ќе ги намалиме санкциите, порача Меркел на состанокот со нејзините партиски колеги.
Договорот од Минск е потпишан во истоимениот белоруски град во 2015 година со цел да се запре војната на истокот на Украина со отстранување на тешкото оружје од првата линија на боиштето.
Меркел нагласи дека и на Германија и на Русија им е во интерес да се укинат санкциите, но потсети и зошто тие беа воведени-анексијата на полуостровот Крим кој дотогаш беше дел од украинската територија.-Кога ќе видиме напредок во согласност со Договорот од Минск, ќе ги намалиме санкциите, порача Меркел на состанокот со нејзините партиски колеги.

Пронајдете не на следниве мрежи: