Големите финансиски поволности и мерки на Владата за поттикнување на домашните компании да отворат домови за стари лица, очигледно вродија плод. Во последниот период се отворија 19 вакви домови, со што значително се зголеми капацитетот за згрижување на лица од третото доба, а со зголемување на конкуренцијата континуирано се подобруваат и условите и функционирањето во домовите.Денеска во село Кадино, општина Илинден, се отвори нов приватен дом за стари лица „Руски“ со сместувачки капацитет за 30 лица. Сопственичката и директор на домот, Марина Мустачки, која веќе има отворено ваков дом и во населбата Ченто, во кој може да се сместат 29 лица, вели дека отворањето на новиот дом дошло како неминовна потреба, бидејќи последните години значително е зголемена побарувачката на услугите во нејзиниот дом за стари лица во Ченто.
-Имаме одлична комуникација со Министерството за труд и социјална политика и се охрабривме да отвориме уште еден дом за стари лица. Во домот за стари лица во моментот имаме 15 вработени, а тука ќе стартуваме со 10. Нашите корисници се пресреќни, вели Мустачки.
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, посочи дека владините мерки за изградба на приватни старски домови претставуваатсериозна поддршка за сите заинтересирани лица и компании да вложат во овој бизнис, а притоа освен да влијаат на својата профитабилност, да отворат нови работни места.
-Лицата сместени во овој модерен дом се задоволни од услугата, грижата и објектот во кој се сместени. Ова е нова инвестиција во Илинден. После шест години, се отвора втор страски дом што покажува дека и во овој бизнис човек може да успее. Тука значајни се и поволностите на Владата од пред 2,5 години, со намалување на комуналиите за изградба на старски дом за 95 проценти, почетната цена од 1 евро за квадрат за градежно неизградено земјиште, поволните кредитни линиии за поддршка на развој, како и поволностите за вработување кои се нудат преку Агенцијатаза вработување. Исто така, тука е и најновиот проект – грант за отворање на нови старски домови од 12 .000 евра, кои секако даваат резултат. Ова е 19-ти приватен дом за страи лица кој што се отвори изминатиот период. Овие поволности даваат повеќе позитивни ефекти, влијаат на зголемување на капацитетот за згрижување на стари лица во приватни домови. Самата конкуренција ги поттикнува сите останати континуирано да ги подобруваат условите и услугите, да се намалат цените и најбитно да се отворат нови работни места. Во овие 19 приватни дмови за стари лица веќе работат над 260 вработени. Општина Илинден е пример за општина која соработува со вадата и заеднички ги реализира политиките, истакна Спасов на денешното отворање на новиот старски дом во Кадино.
Ова е прв дом кој се отвора во Илинден, а вториот неодамна почна да се гради.
Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски упати честитки до инвеститорот, втувајќи дека како локална самоуправа ќе продолжат да создаваат услови за градба на капитални инвестиции.Денеска во село Кадино, општина Илинден, се отвори нов приватен дом за стари лица „Руски“ со сместувачки капацитет за 30 лица. Сопствен