Мешањето на Бејли во судството наиде на низа гневни реакции

Loading...

Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, се дрзна и на мошне дрзок начин во соопштение обзнани дека САД во македонското правосудство има истурено над 55 милиони долари, во ситуација кога од нивна страна постојано ни беше посочувано дека судството треба да биде независно, со свој сопствен буџет, како не би било подложено на евентуално влијание поради финансиската зависност од државата.Неговото признание во превод значи: Судството е независно од државата, но е зависно од САД. Ваквата негова изјава предизвика бура од реакции од страна на интелектуалците кои во свои колумни и во Фејсбук статуси му кажаа на Бејли, што мислат македонските интелектуалци и граѓани за ваквото замешателство на САД во македонското правосудство.
Една од најбурните реакции дојде од универзитетската професорка Билјана Ванковска, која преку свој фејсбук статус, му порача на Бејли, повеќе да се грижи за американската полиција и правосудство, па така можеби би ја спречил американската полиција да пука во своите граѓани како во пилци.
 
Преку своја колумна Дарко Јаневски, главен и одговорен уредник на дневниот весник ,,Дневник”, напиша што мисли тој и македонските граѓани, за обидот на Бејли да се меша во судстовото во Македонија:
-Не знам чија идеја била последното соопштение на американската амбасада во РМ за тоа дека на македонската трета власт во последните 15 години потрошиле 55 милиони долари, ама ако со тоа сакаше да се докаже дека не се мешаат во работата на судовите, туку ја помагаат нивната независност, направена е прилично голема грешка. Зашто ние носевме едночудо закони со кои формиравме самостоен судски буџет, демек за да не зависеле судовите од давам-не давам пари од Владата, па го избркавме министерот за правда од Судскиот совет зашто некој кажал дека тоа е мешање на извршната во судската власт, па измисливме судиите и обвинителите сами да си се избираат (освен Kатица Јанева, која ја избираат политичките партии по налог од амбасадорите), формиравме Академија за судии и обвинители, с` со цел да нема влијание на извршната власт врз независното судство и да се зголеми нивото на професионалност. Kога ете ти признание дека некоја друга влада си ги имала на платен список и судиите и обвинителите и адвокатите. Па нашата влада мора да стои настрана од нив, ама не и американската. И, сега, оди па убеди некого од останатите два милиона во оваа држава кои ја немаат таа тезга дека САД не ни ги контролираат судиите и обвинителите и дека тие се независни. Ваков убав автогол ретко се среќава. Браво, момци! Дури и гафовите на Заев ги надминавте.
Дополнителни реакции следеа и за интервјуто на Бејли во Утрински весник, каде се чита истиот став и дрскост кон Македонија, македонските граѓани и институции.
Новинарот и известувач од Брисел, Бобан Нонковиќ, за интервјуто на Бејли во Утрински на својот Фејсбук профил напиша:
-Губернаторот ни порача: “Мора да ви ги пикнеме Груевски и целото водство на ВМРО во затвор, па потоа, можеби, нема целосно да ви ја изгориме државата!”
 
Во колумна за дневниот весник „Дневник“ свој став и мислење за Бејли и неговата желба за контрола врз македонското судство од страна на САД, напиша и новинарката Ирена Радовановиќ.
-Kога ја чита човек изјавата на американскиот амбасадор Џес Бејли дека САД не се меша во внатрешните работи во Македонија, а обвинувањата дека Американците стојат зад „обоената револуција“ ги сместува во „теории на заговор“, ги препрочитува уште еднаш неговите зборови за да се увери дека токму така пишува.
Дополнително таа посочува она што на македонската јавност одамна и е јасно, дека САД преку УСАИД и Сорос, ја произвеле македонската „Шарена револуција“, која два месеци како мала хулиганска група дивееше низ центарот на Скопје уништувајќи јавен имот.
-Не само што се меша во внатрешните работи во државата, туку неговиот збор е заповед за нашите политичари. А дали САД стојат или не стојат зад „шарената револуција“, никој не очекува од него директно признание. Никој не очекува од Бејли да кажа, „да, ние го симнуваме диктаторот со помош на револуционери“. Доволно е само да се погледнат финансиерите на „шарените“, а тоа се УСАИД и Сорос, за да се заклучи од каде дува ветрот на промените.
Македонија е независна држава, со независни институции и секакво мешање на странски држави и нивни претставници во работата на македонските институции е неприфатливо, особено ако се земе во предвид дека ни САД, ни било која друга држава не би сакала амбасадори на други држави да им кажуваат како треба нивите државни органи да одлучуваат.Неговото признание во превод значи: Судството е независно од државата, но е зависно од САД. Ваквата негова изјава предизвика бура од реакции од стр

loading...