МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП: ЈУНИ 2013

 
Ноќ без Месечина – 08 јуни; полна Месечина – 23 јуни; Сонце влегува во Рак – 21 јуни; Јупитер влегува во Рак – 26 јуни; Меркур тргнува ретро – 26 јуни.
Направете комбинација на толкувањата за вашиот знак и за подзнакот.
*Ако сакате подетално да дознаете што ве очекува во тековната година, кликнете и нарачајте – соларен хороскоп.
 
ОВЕН – Комуникација, брзи и нервозни средби и/или патувања, тоа е она што ќе го правите на почеток на месецов. Но, планетите полека се групираат во четвртиот знак броено од вашиот, а тоа за вас ќе донесе: занимавање со недвижности, со декорација, уредување по дома, и дружби по дома со блиски луѓе.
 
БИК – Ќе бидете ангажирани за пари на почеток на месецов. Ненадејни и неочекувани трошоци или приливи на пари, па внимателно на тоа поле. Од 20 јуни па натаму, ви се отвораат можностите за запознавање на интересни лица од спротивниот пол.
 
БЛИЗНАЦИ – Сè уште ангажирани, со големи планови за работа, но откако Јупитер ќе го напушти вашиот знак (и нема да се врати овде во наредниве 12 години), ќе треба да ги реализирате плановите, еден по еден. Најпрво ќе започнете со темата `пари`, за што доаѓаат добри вести. Во љубовта, ништо не се менува засега.
 
РАК – Со влегување на Јупитер во вашиот знак, конечно ќе ве огрее среќа. Јупитер е познат како „голема добра среќа“, и ова значи дека лошиот период кој траеше месеци, дури и години за некои, доаѓа до својот крај. Среќата во љубов не ве напушта, па ако сте во сериозна врска, ќе размислувате да ја озаконите.  
 
ЛАВ – Некој вам близок непријатно ќе ве изненади, а може да е поврзано и со трошење на пари кое вие не сте ги предвиделе. За работа: платено патување или некакво признание. Со што и да се занимавате, ќе бидете успешни.
 
ДЕВИЦА – Во деновите околу 8 јуни ве очекува договор или потпишување на документи, но внимавајте: некој ќе прави сопки, па очите ширум отворени. За патување или годишен одмор, јуни е идеален за вас оваа година. И за љубов, исто така.
 
ВАГА – Работа, обврски и пари – сè уште не ве напушта чувството дека сега е време да се ангажирате максимално. По дома активно исто така: некој си оди, друг доаѓа, вие заминувате, па се враќате. Како и да е, конците ќе се во ваши раце, па лесно ќе се справите со ситуациите.
 
СКОРПИЈА – Голема е можноста дека ќе најдете љубов на патување или во странство. Можно е и преку интернет. Користете ги сите опции, бидејќи јуни (а и јули ќе е таков) е месец кога не треба да бидете сами. За пари: доаѓаат подароци, внимание од другите, а голем дел од вашите трошоци ќе ги покрие некој во ваше име.
 
СТРЕЛЕЦ – Активноста за вас овој месец се префрла на `туѓи пари`. Ако барате кредит, очекувате повеќе клиенти, продавате нешто или едноставно зависите од некого за пари, започнува период на прилив на туѓите пари на ваша сметка или во ваш џеб. Во љубовта, олабавено.
 
ЈАРЕЦ – Други луѓе, работа, секојдневни обврски, партнер и партнерски односи – тоа ќе е во центар на внимание за вас овој месец. Другите ќе бидат поподготвени за соработка, на ваше чудење, затоа искористете го периодот. Настанот што ќе се случува околу 8 јуни може да содржи: исплата на заостанати пари, потпишување долгорочна соработка, и/или љубовна авантура.
 
ВОДОЛИЈА – Секојдневните обврски ќе ви се зголемуваат од ден на ден, или пак вие ќе бидете помрзеливи да ги сработите на време, па ќе чекате да се натрупаат за да ги средите? Како и да е, месецов за вас ќе значи префрлање на фокусот од љубов и уживање кон недовршени а започнати обврски.
 
РИБИ – Среќата во љубов ве следи и овој месец. Убаво би било да го искористите периодот за стабилизирање на врската. Венера во Рак овој месец ќе ви донесе желба за забава и олабавени моменти. Искористете го јуни за одмор, затоа што летово ве очекуваат ангажмани.
Пишува: професионален астролог Снежана Штрковска 
Ноќ без Месечина – 08 јуни; полна Месечина – 23 јуни; Сонце влегува во Рак – 21 ј

Пронајдете не на следниве мрежи: