Месечен хороскоп-јуни 2015

Месечен хороскоп-јуни 2015Овен
Овој месец ќе започне со големи планови и експанзија. Во исто време започнува еден период во кој ќе сакате да ги зачувате добрите односи со луѓето кои ви се важни. Блискост со сите членови од семејството како и со партнерот ќе биде во прв план. Можно е да сакате да седите на две столчиња кога е љубовта во прашање, но внимавајте може да ве фатат. Периодот од 13 до 15 јуни ќе биде пресуден па можно е да има нови љубовни почетоци. Последната седмица од јуни ќе биде резервирана за вонредно добри ситуации.
Бик
 
Месецот ќе го започнете со сеуште ретроградниот Меркур (господарот на полето љубов)  во своето поле на лични вредности и вашата господарка Венера во полето на контактите , комуникацијата, блискоста. Ќе се сретнете со некој поранешен партнер. Ескалацијата на случувањата ќе ви биде во првите две недели на јуни кога ќе дојдете до еден пресек каде ќе одлучите што ќе правите понатаму. Од овој месец ќе се одличите и со кого сакате да бидете и да започнете заеднички живот или брак. На слободните од вториот дел од јуни ги очекува нови познанства кои најмногу ќе се сведуваат на излегувања со пријателите.
Близнаци
Големата животна енергија, желбата да освојувате и да се претставите себеси во најдобро светло поради присуството на Сонцето и Марс во вашиот знак, ќе биде од 21 до 25 јуни. Меѓутоа се до 11 јуни господарот на вашиот знак, Меркур, ќе биде во ретроградно движење низ полето на вашата личност така што поединечни Близнаци ќе имаат проблем да стапат во акцвија со личноста која им се допаѓа или пак со емотивниот партнер- во погрешен момент или на погрешен начин.
Во вториот дел од месецот ќе бидете склони кон манипулирање  или прикривање на вистината , што дури можеби и ќе криете комуникација и средби од сексуален тип. Ова може да стане актуелно од 6 јуни при влегувањето на Венера во знакот Лав, кога ќе ви се активира полето за љубов но и за тајни. И вашиот знак може да упадне во искушение на повторување на некоја стара љубов од минатото на тој начин што ќе дозволите поранешната љубов повторно да ви ги „измрси конците“.

 
Рак
Во јуни влегувате со планетата на љубовта, а во вашиот знак ќе завладее хармонија. Многу убави работи ќе се случат овој месец. На некои работи ќе ставите крај и ќе го издефинирате вашиот однос. Ова не значи дека ќе се одвоите од личностите кои ви се важни туку ќе знаете што сакате. Можно е во одредени моменти да не знаете дали сте на прав пат или не.
Лав
За лавовите овој месец ќе биде исполнет со промени. Овој пат се надеваме на подобро. Овој период ќе и дадете голем акцент на љубовта. Ќе го добиете тоа што го барате од партнерот. Ве очекуваат судбински средби и љубов од која застанува здивот- а во центарот на се, ќе бидете баш вие. Во втората половина на јуни ќе бидете посветени на сериозните врски. Па некои од вас ќе запливаат и во брачните води.
Девица
Стабилност, семејно расположени ќе биде одраз на овој месец. Можно е да се одлучите и за брак. Но, вашето однесување е многу проблематично и токму поради тоа не брзајте. Вие постојано го менувате мислењето и често влегувате во конфликти. До последната недела на јуни ќе имате тешкотити особено во организирањето. Можни се и многу тајни….

 
Вага
Првите 10 дена од месецот ќе ви биде многу тешко да комуницирате со сите околу вас. Со партнерот особено ќе имате проблеми. Ова е поволен период за сите оние кои се слободни затоа што ќе има многу дружење, славење, забави…Па така се во овој период ќе се врти околу љубовта. Можно  е повторно да се заинтересирате за поранешен партнер.
Скорпија
Во брачните и емотивни односи ќе настапувате агресивно, енергично и ќе сакате се да држите под контрола. Можно е партнерот да не сака да ја прифати вашата игра и вашето однесување. Но, секако ќе надополните се во кревет, сексот ќе биде пострасен и повозбудлив. Можно е некоја личност повторно да сака да се врати во вашиот живот. Но размислете добро.
Стрелец
Стрелците пред себе имаат една прилика да ги средат емотивните односи, но секако тоа нема да оди брзо. Конечно ќе воспоставите нормална комуникација со партнерот.  До сега навистина партнерот беше виновен за кавгите но не сте ни вие невини. Секогаш ги ставате само вашите интереси во прв план. Во втората половина од месецот ќе настапи смирен период, можно е само да имате проблеми со личноста која ви се допаѓа околу договорите. А последната недела од месецот ќе биде совршена.

 
Јарец
Во првата недела од месецот ќе бидете расположени за сериозна врска. Но, ако претходниот начин имало несогласувања во односот со партнерот знајте дека сега ќе најдете поинаков начин сето тоа да го решите. Слободните ќе запонаат некого и тоа преку пријател. Соработките ќе ви одат д рака па тоа ќе се одрази и позитивно на работното место.
Водолија
Општата збрка во емотивните врски ќе трае до крајот на првата половина на месецот. Ќе бидете полни со енергија но, ќе имате проблематична комуникација со партнерот. Особено некои односи функционираат по принципот- ред кавги, ред страсти….но тоа е знак дека секогаш постои опасност од раскинување. Ситуацијата малку ќе се смири во втората половина на месецот. Пред да направите некој чекор размислете колку ви е важен односот. Последните 10 дена од месецот ќе бидат магични.
Риби
Оние кои се во брак навистина ќе имаат проблем во комуникацијата. Дури во втората половина на месецот ќе започне да настапува позитивно расположение. До тогаш-водете сметка. Бидете трпеливи. Можни се многу нови љубовни контакти. Но се можно е да остане без обрски и да сфатите дека сте низ одреден минлив период на нестабилни односи. Некои од врските може ќе преминат во нешто сериозно но сепак мали се шансите. Овен
Овој месец ќе започне со големи планови и експанзија. Во исто време започнува еден период во кој ќе сакате да ги зачу

Пронајдете не на следниве мрежи: