Месечен хороскоп септември 2015

Месечен хороскоп септември 2015Овен
Најважно е во текот на овој месец да им посветите внимание на сите оние со кои имате партнерски односи, било деловни или пак на приватен план. Ќе имате интересна понуда која ќе заврши со многу корисен договор за вас. Може да добиете унапредување но и понатаму треба да одржувате добар однос со сите оние со кои сте соработувале до претходно. А ако барате сродна душа може да најдете во кино или на театар.
Бик
На работното поле најмногу успех ќе имаат оние кои имаат сопствен бизнис. Ве очекува добра заработка можно е и преселба. Ќе бидете особено креативни. Воздржете се од конфронтации, затоа што од вас се очекува максимална дипломатичности и такт. Во љубовта ќе бидете расположени за нежност и внимание но не и за страст.
Близнаци
Вообичаено сте комуникативни но овој месец особено, вашиот ум ќе работи побрзо отколку што сте сонувале, а секоја комуникација ќе биде успешна. Особено ако работите на организирање на состаноци, маркетинг, новинарство… Па така не пропуштајте ни една шанса затоа што овој месец информацијата и брзата реакција се вашиот главен адут за добра работа. Во љубовта ќе бидете толку многу заљубени што нема да ви се верува што ве снашло.

 

Рак
Овој месец многу ќе се плашите да донесувате одлуки. Точно е дека ѕвездите ве ставаат постојано во искушение и ве предизвикуваат но знаете ли дека тие што не ризикуваат не добиваат, конечно треба да ја надминете зоната на провереност и смиреност и да се впуштите во нешто ново. Излезете храбро а на крајот на месецот сите ваши напори ќе ви се исплатат. Желни сте за љубов, ви треба прегратка и разбирање.
Лав
Енергија и желба ќе имате во изобилство, но би требало сепак добро да ја насочите за да не ви се случи да започнете многу а да не завршите ништо. Планирајте краткорочно и направете замислен расопред на работи и приоритети во глава. Најголем успех ќе имаат оние кои се јавно експонирани. Парите може да дојдат од идеи, од посредување но и од транспорт и туризам. Во љубота ќе се воздржите од искушенија, ќе имате желба да и се посветите на личноста која искрено ве сака а и вие неа. Внимавајте на килограмите.
Девица
Се чувствувате така зафатено, работно и забрзано, како многу да работите а резултатите не се баш на завидно ниво. Во партнерските односи постојано имате чувство дека некој ви работи зад грб, ништо не ви е јасно. Имате чусвтво дека колегите не гледаат на вас со воодушевување. Додека во љубовта сакате нешто да промените но не знате како. Добро  е лично да се ангажирате а не да чекате од партнерот.

 

Вага
Конечно како да сте свој на своето, вашите пет минути се конечно пред вас, а вие не знаете што прво да направите. Заостанатите работи решете ги без одложување. Побарајте го она што ви припаѓа и она што сте го заработиле со заслужената напорна работа. Во љубовта е време јасно и гласно да кажете што ви е потребно без страв од неуспех. Ве очекува големо внимание од семејството.
Скорпија
Вашата шанса овој месец за да успеете на работа и во финансиските потфати е само ако бидете трпеливи и подготвени за можни компликации и одложувања. Од вас се очекува да бидете подготвени за да излезете на крај со сите предизвици. Во љубовта ќе имате чувство дека саканата личнос не ви возвраќа доволно или дека е нешто ладна кон вас. Но тоа може да биде само субјективно чувство.
Стрелец
Ова е месцот кога треба да донесете одлука дали ќе се преселите во странство или пак ќе го прифатите унапредувањето  на работното место или можеби да го продолжите образованието.  Ентузијазмот е изразен, но сепак нема да бидете премногу воодушевени. Вашата промисленост како и организираност ќе биде најдобар показател за успех. Во  љубовта ќе бидете полни со жар. Ќе се заљубувате по пет пати на ден.

 

Јарец
Септември во вашиот живот носи конечно завршување на многу проекти. Некакво сумирање на резулататите на сите полиња. Тоа значи дека сега сте подготвени за нови потфати и како да затварате едно поглавје а отварате ново. Но немојте да дозволите тој премин да биде бурен и потежок отколку што би требало. Особено чувајте се од конфликти како и со надредените така и со подредените. Можни се болки во нозете и замор.
Водолија
Вие имате големи шанси да се вработите, ако вам ви е потребно тоа. Ќе потпишете важен договор кој ќе биде многу корисен за вас. Ако сте веќе вработени можно е преместување на многу подобро место. Во љубовта време е да ја стабилизирате врската, па дури и да размислите за заеднички живот. Пријателите максимално ќе ве поддржуваат во се. Одлично се чувствувате.
Риби
Воздржете се од брзи и големи одлуки се до последната недела од овој месец. А искушенија ќе има премногу. Делува како да сте понесени од добри можности и понуди, но не ги преценувајте своите материјални можности, затоа што може да се задолжите премногу. Страсна врска ве очекува на крајот на месецот. Многу ќе се двоумите во текот на целиот месец. Овен
Најважно е во текот на овој месец да им посветите внимание на сите оние со кои имате партнерски односи, било деловни

Пронајдете не на следниве мрежи: