Месечен хороскоп: Што ве очекува до крајот на годината!Овен
Пријателски настроениот Марс ве прави расположени за дружење. Први декември може да ви донесе љубов на патување. Може и да биде во првата половина на декември на кое и да е патување што го планирате. Кога Венера ќе влезе во Јарец ќе имате интересни познанства преку работа. Ако сте во долга врска или брак повеќе ќе бидете сконцентрирани на работата во втората половина на декември.
Бик
Излегувањето на Сатурн од седмата куќа подразбира завршеток на еден циклус кој ви ги отежнуваше емотивните односи. Ќе решите некој однос со личност кој ве мачеше од минатото. Марс во Водолија ќе услови повеќе расправи со личноста која ви е многу важна. На крајот на месецот ве очекува романса на патување односно може да ви се допадне личност која не е од вашиот град.
Близнаци
Ќе имате потреба постојано да ги преиспитувате сите ваши односи кои ви се важни. Ќе бидете принудени да бидете поодговорни кон личностите кои ви се драги. Ако сте во брак ќе минувата низ тестови или во емотивна крива во периодот од наредните три години. Од друга страна може баш во овој момент ќе се одлучите да започнете да живеете со некој.
Рак
Како се ближат планетите до Јарец, сигурно е дека овој месец ќе имате многу љубовни средби. Ќе имате многу прилики за љубов. Ќе ве привлекуваат амбициозни и истрајни личности кои се подготвени да се борат за она што го сакаат. Пријателите ќе имаат зголемена потреба да се мешаат во односите кои ви се важни. Некои Ракови ќе ја помешаат љубовта и пријателството.
Лав
Сонцето во пето поле ви носи убави моменти со личноста која ви е многу важна. Вие сте еден чекор напред во односите со другите личности. На крај ќе сфатите дека се се одвива во ваша корист. Марс во седмата куќа ќе ги условува вашите потреби да најдете партнер кој ќе се прилагоди на вас. Борбата за превласт во вашите односи ќе биде нож со две острици.
Девица
Во првиот дел на овој месец ве очекуваат несогласувања на емотивен план. Вашиот период за љубов доаѓа дури од 20-ти декември. Планетите ви носат возбудлив период во вториот дел на месецот кога ќе имате убави познанста на места каде што најмалку очекувате. Планетите за љубов ќе ви бидат наклонети во другиот дел од декември.
Вага
Почетокот на месецот носи убави разговори, допишувања и СМС пораки кои ќе ве забавуваат. Можеби некој од вашата околина ќе ви биде многу интересен. Водолиите ќе ви бидат многу примамливи, додека со личностите од земјените знаци ќе имате остри полемики кои подоцна ќе ви бидат многу значајни.
Скорпија
Ќе бидете многу емотивни. Многу од вас ќе бидат на земја и отвирени за нови познанства. Другиот дел од месецот ви носи интересни пораки повици и љубовни допишувања. Јарците ќе ви бидат интересни во љубовта. Депресивното расположение низ кое минувавте конечно ќе престане во втората половина од месецот.
Стрелец
Сатурн е се поблиску до вашиот знак а тоа ќе донесе до сериозни промени на сите ваши емоции. Она што ќе се случува во следните три години ќе биде судбински и како личност ќе се менувате во секој поглед. Водолиите и Овните ќе бидат интересни за вас. Исто така и амбициозните Јарци ќе ве заинтригираат.
Јарец
Првите две недели ќе ве направат емотивно нестабилни и тоа ќе биде лош период за почеток на љубовна врска. Во моментов сте нестабилни и затворени. Имате разни дилеми и интензивно размислувате за личности кои не можете да ги процените се уште. Како се ближи средината на декември ќе имате многу подобар период за љубов. Сатурн ќе ве направи сензибилни.
Водолија
Ќе ги нагласувате пријателските односи со личностите кои ви се важни. Некои Водолии ќе се заљубат и започнат врска со долгогодишен пријател. Планетите во другата половина на месецот ќе влезат во јарец а тоа ќе ве направи затворени по прашање на емоциите. Треба да имате на ум дека тајните љубовни афери не се идеално решение. Ќе имате личност која вас ќе ве интригира но нема да бидете подготвени на себе да си го признаете тоа.
Риби
На почетокот на месецот ќе имате проблем со разбирањето со партнерот. Доколку сте слободни, поедини односи ќе станат многу комплицирани. Рационално ќе ги разгледате сите односи. Другиот дел од месецот ќе биде многу поволен, затоа што ќе имате поддршка од партнерот. Овен
Пријателски настроениот Марс ве прави расположени за дружење. Први декември може да ви донесе љубов на патување. Може