Месечен хороскоп за април 2016

Месечен хороскоп за април 2016Овен
Работа: Овој месец затоа што е ваш месец ве очекува успех, напредување, финансиски добиток и завршување на зададените цели.
Љубов: Романтичен и хармоничен однос за сите кои се во брак. Доколку сте слободни очекувајте да ви пријде некој нов.
Здравје: Здравјето ви е одлично.
Бик
Работа: Месец за дополнителни усовршувања но и стагнација. Ќе ви одговара мирната состојба на деловен план, затоа што тоа и го очекувавте. Овој месец ќе го завршите рутински и без претеран напор.
Љубов: Ќе ве заинтригира Овен, Скорпија и Вага овој месец. Иако не знаете што сакате на поле љубов, јасно ви е што не сакате.
Здравје: Добро се чувствувате.
 
Близнаци
Работа:  Во овој месец исправете ги грешките кои ги правевте во претходните месеци. Сега имате одлична деловна стратегија, а ѕвездите ви се наклонети. Добро разгледајте ја секоја деловна опција.
Љубов:  Оние кои се во брак ги очекуваат романтични моменти. Доколку сакате нешто да промените морате сами да го направите тоа.
Здравје: Добро се чувствувате.
 
Рак
Работа: Вашата моментална деловна ситуација бара многу внимание и труд. Може да паднете во мала финансиска криза и ќе видите кои ви се пријатели и семејство односно колку од нив ќе се потрудат да ви помогнат да се извлечете.
Љубов:  Помали непријатности може да очекувате од партнерот доколу сте во брак, но со својата сталоженост вие ќе решите се. Слободните многу ќе се дружат.
Здравје: Потребно е да водите повеќе сметка за своето здравје.

 
 
Лав
Работа:  Добриот распоред на планетите одлично влијае на вашите деловни планови. Имате вишок енергија и подготвени сте за нови деловни предизвици. Ги променивте стратегиите но не брзајте затоа што може да загубите.
Љубов: Слободните ќе уживаат во излегувањето, додека оние кои се во врска ќе имаат романтични моменти со партнерот.
Здравје: Имате вишок енерија и малку сон.
Девица
Работа: Вашата педантност и стручност доаѓа до израз овој месец. Вие ќе се чувствувате несигурно. Поволен период за вложување.
Љубов: Потребни ви се промени. Но не на гардеробата, туку на вашите вредносни ставови врзани за љубовта и емоциите. Немојте да губите време на луѓе кои не ве заслужуваат.
Здравје:Добро се чувствувате.
Вага
Работа: Подобри услови на деловен план, но не е време за големи ризици. Чекајте коцките да се поклопат. Потребно е да ги одредите приоритетите.
Љубов: Треба да работите на емотивните односи, па така овој месец занимавајте се со тоа.
Здравје: Одлично се чувстувате.
Скорпија
Работа: Активни сте овој месец. Тоа ви одзема многу од слободното време и енергија. Но имате голема поддршка од постарите соработници. Награда за вложениот труд ве очекува следниот месец.
Љубов: Сета своја енергија ја насочивте кон работата и остварување на соновите, немате веќе толку време да размислувате за љубов ниту да се забавувате и излегувате.
Здравје: Добро се чувствувате.

 
Стрелец
Работа: Многу работа и ненадејните трошоци и неподмирените сметки ќе ве оптеретуваат овој месец.
Љубов: Стара љубов не ви дава мир.
Здравје: Повеќе шетање и престој во природа.
Јарец
Работа: Имате амбиции и тоа се рефлектира на деловниот план. Нема овој месец да останете незабележани. Многу сте креативни што одлично влијае на работата.
Љубов: Доколку сте во долга врска или брак повторно ќе почувствувате блискост со партнерот. Слободните ќе тргнат во акција за авантури и забави.
Здравје: Повеќе вежбајте.
Водолија
Работа: Добрите деловни шанси во април ќе знаете одлично да ги искористите. Можеби нема многу да одмарате и да спиете, но посветеноста ќе даде добри резултати.
Љубов: Немојте да посветуват внимание на она што го зборуваат другите, затоа што вие знаете што сакате.
Здравје: Одлично се чувствувате.
Риби
Работа: Добрите деловни шанси и околности ви ветуваат поволен финансиски период. Вие секако ќе се трудите многу за се да биде како што треба но верувајте дека ќе вреди. Ќе имате простор нешто и да заштедите.
Љубов: Емотивно сте исполнети, имате голема поддршка а исто така и одлично се согласувате со партнерот.
Здравје: Повеќе одмарајте. Овен
Работа: Овој месец затоа што е ваш месец ве очекува успех, напредување, финансиски добиток и завршување на зададените

Пронајдете не на следниве мрежи: