Еве ни го и февруари – месецот на прочистување (како на домот, така и на телото и духот).
Освен јакната, нема да ни штети и по некој совет како најдобро да го искористиме најкраткиот месец во годината. Се за тоа прочитајте во месечниот хороскоп. Овен
Односи: Планетарните влијанија внесуваат немир во вашиот живот. Мислењето на партнерот и вашето ќе се разликуваат по многу важни прашања, а најмногу за работата и кариерата.
Пари и обврски: Нестрпливоста и импулсивноста не се посакувани особини во работните обврски. Избегнувајте ги честите недоразбирања.
Здравје и убавина: Несоницата и вртоглавиците од кои ќе патите, ќе бидат последица од стресот. Во втората половина на месецот ќе ја сфатите важноста на внатрешниот мир.
Бик
Односи: Нејасната комуникација со членовите од семејството ќе доведе до многубројни недоразбирања. Љубовната врска ќе биде одбележана со слога и разбирање.
Пари и обврски: Немојте да носите важни одлуки врзани со вашата професионална иднина или да се впуштате во проекти со неизвесен исход.
Здравје и убавина: Немојте да ги занемарувате сигналите кои ви ги праќа организмот.
Близнаци
Односи: Ќе уживате во излегувањата и забавите со блиските пријатели, но љубовниот живот нема да биде исполнет според вашите очекувања.
Пари и обврски: Иако ќе имате многу енергија и ентузијазам, нема да ги избегнете проблемите на работа. Покажете ја својата љубезност со колегите и пружете им помош.
Здравје и убавина: Можни се проблеми со бубрезите.
Рак
Односи: Љубовниот живот нема да биде во најсреќната фаза, признајте го тоа и поправете го расположението фокусирајќи се на други приоритети.
Пари и обврски: Непријателскиот став од некои соработници ќе се одрази на вашата мотивација. Внимавајте завидливоста да не ве обесхрабри во секојдневниот напредок. Овој месец е плоден за вас.
Здравје и убавина: Подложни сте на уринарни инфекции и запаленија. Ќе го засилите имунитетот со земање на витамински додатоци.
Лав
Односи: Ако сте во врска, постојано ќе го критизирате партнерот. За оние кои се без партнер, а го бараат, овој месец ѕвездите ви се наклонети!
Пари и обврски: Многумина ќе бидат загрижени за својата работна позиција, но ако продолжите да се трудите, нема да имате причина за грижа.
Здравје и убавина: Редовната телесна активност ќе ви помогне да се чувствувате попријатно во својата кожа.
Девица
Односи: Самците кои фантазираат за љубовна врска, ќе имаат уште неколку неуспешни обиди овој месец. Зафатените ќе се соочат со турбуленции во врската.
Пари и обврски: На работен план ќе бидете успешни и ценети од соработниците. Можно е унапредување.
Здравје и убавина: Проблеми ќе ви прават нервозата и честите промени на расположението.
Вага
Односи: Луѓето ќе ве доживуваат како шармантна и самоуверена личност, но длабоко во себе ќе бидете несигурни и ќе се плашите од разочарувања.
При и обврски: Енергични сте и не признавате пораз. Спремни сте да се борите за успех, па ќе се соочите со многу препреки овој месец.
Здравје и убавина: Овој месец е поволен за промени на вашиот изглед.
Скорпија
Односи: Љубовниот живот ќе ви биде извор на задоволството. Паровите кои се долго заедно ќе почнат со подготовки за ново поглавје во нивниот заеднички живот.
При и обврски: Стресен почеток на месецот, ќе се сретнете со задоцнети исполнувања на плановите или промени на истите.
Здравје и убавина: Немојте да бидете мрзеливи и посветете се на себе, вежбајте!
Стрелец
Односи: Односот со саканата личност ќе биде исполнет со судири и караници, па за двајцата би било добро ако се раздалечите и на мир размислите за следните чекори.
При и обврски: Намаленото внимание и концентрација во првиот дел од месецот ќе резултира со грешки и пропусти.
Здравје и убавина: Во добра форма сте, затоа вишокот енергија потрошете ја на физичка активност.
Јарец
Односи: Нови познанства и позитивни искуства од нив ве чекаат овој месец. Не избегнувајте ги понудите кои ви се укажуваат.
При и обврски: Финансиските прашања ќе ви бидат во центарот на вашите интереси. Внимавајте да не донесете одлука за која подоцна ќе се покаете.
Здравје и убавина: Здравјето ви е загрозено. Внимавајте на грлото дишните органи.
Водолија
Односи: Слободните водолии можат да се впуштат во тајна врска. Додека оние во врска ќе имаат навраќање на старите проблеми, кои се уште не биле надминати.
При и обврски: Овој месец ви е поволен за средување на документацијата и за планирање на нови проекти.
Здравје и убавина: Овој месец ќе имате проблем со тежината, ќе накачите некое кило повеќе.
Риби
Односи: Позитивните вибрации ќе внесат свежина во вашите односи со луѓето, посебно во љубовниот живот.
При и обврски: Стрпливоста и чекањето конечно се исплатеа. Овој месец ќе добиете понуди за работа и соработка.
Здравје и убавина: Внимавајте на стресовите, можни се проблеми со срцето; забрзано чукање, аритмија, тахикардија. Овен
Односи: Планетарните влијанија внесуваат немир во вашиот живот. Мислењето на партнерот и вашето ќе се разликуваат по