Месечен хороскоп за месец март

Овен
Вие сте од луѓето кои ако сакаат нешто, тоа и го прават, дури и да немаат подршка од другите. Но, во почетокот на месецов подобро да размислите два пати пред да избрзате со нешто. Послушајте совет од пријател, за подоцна да не зажалите. На 4-ти и 5-ти март ќе имате желба за истражување.Проширете ги своите хоризонти. Околу 10-ти март ќе поминувате низ тешки ситуации и непријатни моменти, па можно ќе биде да сте под постојан стрес. Доколку почувствувате здравствени тегоби, не се двоумете веднаш посетете лекар. На 13-ти или 14-ти ќе добиете добри вести кои ќе ви ја вратат позитивната енергија.Ова расположение ќе се задржи кај вас до 20-ти овој месец. 25-ти и 26-ти се одлични за работа. Нека ова бидат денови во кои ќе организирате важни состаноци.
Бик
Дали ви здодеа рутината? Дали немате трпение секој ден да одите на иста работа, работите исти работи и секогаш излегувате на исто место? Доколку одговорот е да, време е да превземете нешто. Секогаш може да направите промени. Започнете со некое ново хоби, променете го својот стил, или едноставно променете го местото на кое излегувате. Ова ќе ви биде потребно на почетокот на месецот. Можно е на средина на месецот да доживеете стрес поврзан со парите, но беспотребно. Разговарајте со вашите блиски на кои можете да им верувате и ќе забележите дека не е толку лошо како што изгледа. На 20-ти и 21-ви ќе бидете исклучително комуникативни. Постои можност да добите поволна вест. Од 25-ти па се до крајот на месецот ќе имате низа од романтични моменти.
Близнаци
Вие сте забавни. Вие сте полни со ентузијазам. На почетокот на месецот ќе бидете брзи, снаодливи и едноставно целосно ќе блескате. Тоа најверојатно ќе биде причината за многу телефонски повици и организирачки активности, како и на работа така и на приватен план.На 4-ти и 5-ти бидете отворени за искажување на своите идеи. Вашата креативност ќе биде на големо изненадување прифатена од околината. Посебен успех ќе имате кон средината на месецот. Околу 20-ти ве очекуваат романтични моменти. Флертот ќе биде насекаде околу вас, постои можност да запознаете личност која ќе биде многу значајна за вас. Од 20-ти па се до крајот на месецот погрижете се да ја задржите концентрацијата и сталоженоста, бидејќи во овој период ќе имате многу обврски.
Рак
Време е за компромис. Ако вие и саканата личност имате различни мислења за некои работи, останете доследни на себе за нешто, но за некои работи прифатете го мислењето на партнерот. Само така ќе успеете да остварите хармонични односи во љубовната врска. 4-ти и 5-ти март може да бидат опасни. Не впуштајте се во ништо мистериозно и непознато. Почекајте да помине 10-ти март и околностите малку да се разјаснат. Периодот од 20-ти до 25-ти е поволен за нови контакти и запознавање со нови луѓе. Ќе имате многу разговори но и смеа. До крајот на месецот ќе ви се задржи оваа пријатна позитивна енергија. Водете грижа за својата исхрана и имунитет, за здравјето да не ви биде загрозено.
Лав
Љубовта ќе цвета на почеток на месецот. Вие ќе се сложувате како „штраф и штрафцигер“. Ќе бидете сјајна комбинација за што и да правите кај и да одите. 4-ти и 5-ти се многу поволни денови кога романтиката е во прашање. Меѓутоа на средина на месецот ќе сфатите дека не е се така како што изгледа. Ќе воочите дека не може само да примате. Во љубовта треба и да вложите, па понекогаш и да се жртвувате. Ќе ви биде драго откако ќе го направите тоа. 22-ри,23-ти и 24-ти ќе бидат поволни кога парите се во прашање. Ве очекува голема среќа. Доколку не добите покачување на работното место или наследство, купете лоз за игра на среќа. Нова романа ќе се појави на 31-ви, ако сте слободни можеби од тоа ќе биде нешто повеќе.
Девица
Дали имате партнер? Во љубовта, пријателството, или на работа? Ако имате, на почетокот на месецот размислете на некои заеднички активности.  Било да се работи за средување на домот, напредок во работата, деловно патување, искористете го почетокот на месецот кој е поволен за тоа.  На средината на месецот поведете сметка за вашите трошоци. Доколку не бидете внимателни со трошењето ќе западнете во долгови. 17-ти,18-ти и 19-ти ќе бидат поволни за истражување на непознати територии и области. Истражувајте на работното место, како и во љубовта. Ве очекуваат пријатни изненадувања во секој случај.  На крајот на месецот толку ќе блескате па сите ќе сакаат да бидат во ваше друштво и да соработуваат со вас.Последните денови од месецот поминете ги со своето семејство.
Вага
Прилично напорен почеток на месецот е пред вас. Па ситуацијата ќе се поправи некаде околу 4-ти март, кога конечно ќе може да здивнете. Во тој период научете некој важни животни лекции. Околу 11-ти,12-ти и 13-ти март ќе посакате да направите нешто добро за вашиот организам. Вистинската работа ќе биде некој вид на рекреација. Замолете некој од вашите пријатели да ви се придружи, можеби во теретана или некој фитнес центар. На 17-ти може да очекувате повик за вечерно излегување од личност која вас веќе долго време ви се допаѓа. Од 18-ти очекувајте налив на позитивна енергија која вас нема да ве напушти до крајот на месецот. Најдобри денови за креативност се 22-ри,23-ти и 24-ти март. За своите чувства зборувајте на 30-ти и 31-ви март.
Шкорпија
На почетокот на месецот најдоцна до 3-ти ќе имате прилика некаде да отпатувате. Пред самото патување ќе бидете во многу дилеми, дали воопшто да одите, кои се предностите од тоа патување и слично. Наместо да се фокусирате на уживањето кое е пред вас, вие се грижите околу непотребни работи. Романтиката и сите работи поврзани со љубовта се во прв план од 11-ти месецов. Доколку сте во потрага по партнер тие денови ви претстојат многу интересни средби. Околу 18-ти постои можност да имате проблеми со некој електрични уреди и апарати. Можно е да имаат потреба од поправка или ќе биде потребно да купите нови. На 22-ри, 23-ти и 24-ти избегнувајте конфликт со претпоставените. Добри вести ќе добиете на 30-ти од личност која ви е наклонета. Не преземајте ризици кои не ви се потребни на 31-ви.
Стрелец
Вие сте вистинси пријател, луѓето во вашата околина тоа го забележуваат и го ценат. На 4-ти и 5-ти се е во знакот на пријателството –пред вас се многу забави, уживања и радости. Доколку на 11-ти,12-ти и 13-ти се почувствувате исцрпени, ќе знаете кои се причините за тоа. Тогаш не би било лошо малку да успорите и повторно да ја вратите духовната рамнотежа. Кажете го вашето мислење на 15-ти, иако можеби мислите дека постои причина поради која би можеле да зажалите, но се доаѓа на свое место за краток рок. Тие денови вистината ќе исплива на површина. Потребата за внатрешен мир ќе стапи на сила на 2-ри март. Премногу обврски кои ја црпат вашата енергија. Деновите резервирани за љубов се 30-ти и 31-ви.
Јарец
На самиот почеток на месецот ќе почувствувате налив на позитивна енергија. Времето за акција е предвидено за 2-ри и 3-ти. Деновите кои се пред вас се погодни за започнување на нови проекти. Доколку се сте во серизона и стабилна врска ве очекуваат незаборавни моменти со саканата личност на 7-ми и 8-ми. Новата димензија на љубовта ќе ја откриете на 9-ти, креативноста ќе дојде до полн израз на 10-ти март. Пронајдете начин да ја насочите кон правиот пат. Би ве израдувала посета на некоја галерија или перформанс кој не е типичен за вас.  Бидете подготвени да се соочите со фактите на 20-ти. Иако, вистината понекогаш знае да боли, за вас е најдобро да ја слушнете.
Водолија
Вашиот дух се наоѓа во совршена рамнотежа на почеток на месецот, оваа состојба ќе се задржи до 5-ти март. Во тој период ќе ве очекува турбулентен период на работното место, заради обврските на другите кои поради несреќни околности ќе треба да ги превземета на свој грб. Немојте да очајувате, смирено прифатете ја новонастанатата ситуација. Позитивни вести можете да очекувате околу 10- ти и 11-ти. Непланирана покана за некоја свадба, веридба или прослава ќе направи да се чувствувате исклучително горди. Околу 20-ти ви претстои тежок период на работното место. Пробајте да ги избегнете конфликтите, бидејќи само така повеќе ќе профитирате во иднина. 26-ти и 27-ми се денови кои бараат да се посветите на пријателите, посветете внимание на нивните потреби. А фокусирајте се на себе најдоцна до 30-ти март.
Риба
Ако сте сте во врска во последно време сте почувствувале стагнација, најдобро би било да се посветите на други сегменти од вашиот живот.  Можеби не ви е јасно зошто толку вложувате, но сега се треба да си разјасните. Вие заслужувате многу повеќе. Желбата за доминација ќе преовладува на 10-ти и 11-ти, па ќе посакате работите да се одвиваат онака како што сте си замислиле. Немојте да се изненадите ако наидете на конфронтација. Од 20-ти март следи период на стабилност. Тогаш ќе го пронајдете внатрешниот мир во околината на пријателите и семејството. Не заборавајте на работните обврски посебно околу 30-ти. Некој колега или колешка очекува ваша целосна подршка. На вам останува дали ќе му помогнете.  Пријатни моменти со семејството ви претстојт на 31-ви март.Овен
Вие сте од луѓето кои ако сакаат нешто, тоа и го прават, ду

Пронајдете не на следниве мрежи: