Месечен хороскоп за ноември 2014…Овен
Љубов: Почетокот на овој месец ќе ви донесе изненадувања. За некои Овнови ќе има и период полн со страст со некоја личност што одамна им се допаѓа. Оние кои се во брак нека не ризикуваат со тајни врски бидејќи можат да си го искомплицираат животот. Поединци од овој знак може да им се налутат многу на некој свој пријател поради ширење на невистини. Издржете до средината на овој месец и притисокот од околината полека ќе попушти.
Работа: На работа владее некое недоразбирање. Продолжете со површен однос кон колегите кои не ви влеваат доверба. Така е најдобро за вас. Можна е финансиска добивка во почетокот на месецот и тоа многу ќе ве израдува. Поединци од овој знак ќе успеат да ги завршат сите обврски кои им се насобрале. Други припадници на овој знак ќе имаат лошо искуство иако се искрени ќе навлезат во озборувачки приказни. Сепак набрзо ќе излезе вистината на виделина.
Здравје: Првите две недели од месецов ќе ве мачи главоболка.
Бик
Љубов: Незадоволни сте со вашата моментална ситуација, но ќе се појави личност која ќе ве расположи и разведри. Биковите кои се во брак ќе имаат прекрасни моменти со партнерот. Мудри сте и внимателни и внимавате што ќе му кажете на партнерот и тоа е најпаметно во овој период. Не сакате да направите грешка која нема да успеете да ја поправите подолг период. Одредени Бикови ќе се спремаат за брак кон крајот на месецот. Семејството може да ви ја комплицира ситуацијата, но не попуштајте и држете до своите планови. И слободните Бикови имаат убав период за љубов, непријатностите се позади вас, па опуштете се и уживајте.
Работа: Бидете умерени кога парите се во прашање. Не е време за зголемување на трошоците. Присутен е замор на работа, но и задоволство од постигнатото. Не се плашете. Нема да ја изгубите истрајноста и волјата кога е во прашање работата. Постојат препреки, дури и лоши изненадувања, но сетете се низ какви се ситуации сте поминувале порано. Ќе се појави тензија во односот кон некој нов колега. Немој да терате инает, без оглед на тоа дали некој тоа го заслужува или не. Непријатни разговори се пожелни бидејќи со тоа ќе ги разрешите недоразбирањата.
Здрвје: Ќе ви бидат осетливи синусите.
Близнаци
Љубов: Во текот на овој месец ќе бидете пзонати по својата енергија, претприемчивост и страст. Првата недела ќе биде полна со предизвици во кои ќе ги покажете своите особини. Со огромен ентузијазам ќе прифатите многу проекти, свесни дека ќе морате да бидете будни многу ноќи за таа работа да ја завршите. Некои од овој знак се соочуваат со проблемот на бегање од рутината во емотивното поле. Останете толку долго колку што е потребно и моментално еден долгогодишен партнерски однос се завршува сега.
Работа: Некои обврски и задачи порано или подоцна сигурно ќе бидат извршени. Ќе бидете истрајни, тврдоглави и одлучни. Сепак во овој период не робувајте на своите навики бидејќи така лесно ќе се „заглавите“ во погрешни ситуации, случувања или некоја неадекватна работа. Бидејќи сакате контрола, но се „ежите“ на промени обидете се да се присетите на работи кои ве поречуваат во вашиот живот. Тоа ќе ве поттикне да се придвижите. Ако сте во работен однос со некој Овен или Јарец, сега ќе пронајдете сили да се поднесете еден со друг. Во текот на овој месец нема да сакате да започнете ништо ново, поготово ако вклучите поединци кои не ви одоговараат.
Здравје: Проблеми со дигестивниот тракт се актуелни овој месец.
Рак
Љубов: Интутивност, чувствителност и повремено чувство на вина. Ќе поседувате способности за брзо опоравување, справување со кризите и елоквентно изразување. Одличното памтење и способноста да се грижите за другите често ќе ве доведува во положба на водач. Но Ракот е помалку ефикасен кога треба да се придржува на планови бидејќи му е потребно доста време за емоционално оправување во осаменоста. Во суштина, сега сте во таа фаза. Избегнете ги одговорите на прашањата кои ќе ви ги поставуваат, бидејќи тоа уште повеќе ќе ве збунува. Потребно е да почувсвтувате дали сте подготвени за понатамошен однос помеѓу вас и вашиот(а) парнер(ка).
Работа: Ракот најчесто се опишува како темпераментно битие, па така неговата амбиција, организаторски способности и одлучност потполно се занемаруваат. Завршете ги старите или новите започнати работи. Проблемите во домот може да почекаат. Вашата аналитичност и упорност ќе бидат на врвот. Дефинирајте ги вашите идни цели. Дајте јасни но дискретни сигнали на личноста до која ви е дојдено. Поедини личности од овој знак можат да планираат патување.
Здравје: Нервниот систем е напнат. Инаку, здравственото поле е во ред. Хронично билните ќе имаат проблеми во текот на срдината на првата недела од месецот.
Лав
Љубов: Лавот има силно изразени потреби за љубов, воодушевување и моќ. За да би ги исполнил тие потреби Лавот ќе прифати било што и ќе манипулира со сите околу себе доколку тоа му е потребно. Звучи прилично лошо, зарем не? Точно е тоа што Лавот го мрази кај другите. За среќа, Лавот е шармантен, драг, лојален и толку забавен што луѓето многу од тоа му простуваат. И покрај своите одлични организаторски способности, благодарение на кои лесно стекнува приврзаници за својот начин на работа, Лавот сепак не ги добива секогаш признанијата кои ги заслужува. Некои навики ќе мора да се менуваат во овој период и тоа ќе ве направи ногу нервозни, што и саканата личност ќе го почувствува. Сепак, малку внимание и вие повторно ќе бидете опуштени и задоволни.
Работа: Ќе ве повреди личност со која соработувате. Сега како вистината да не допира до вас. Пристигнува глас од странство кој веќе подолго време го очекувате, претстои средба која уште малку ќе ја почекате. Најверојатно се ќе се случува на почетокот од месецот, но нема да го добиете саканото се до крајот на ноември. Во овој момент контролирајте ја импулсивноста која не ви е својствена. Напнати сте поради се, подобро се организирајте.
Здравје: Во текот на овој месец ќе ви се менуваат добрите и лошите периоди на оваа поле.
Девица
Љубов: Ќе чувствувате дека влегувате во нова фаза, но и случувањата на тој начин ќе ви се нижат. Вие и партнерот не се разбирате на најдобар начин, го сакате истото, но различно зборувате. Уште некое време и ќе започне добар и поволен развој на случувањата во љубовното поле. Немате причина за напнатост, развојот на случувањата оди во ваша корист. Поединци од првата декада можат да расчистат многу нејаснотии во врската и тоа долго ќе трае, бидејќи парнерот е исто така тврдоглав како и вие. Обидете се да го направите и кажете она што е најважно. Од премногу зборувања нема успех, туку само уште повеќе збрки. Оние од третатта декада ќе слушнат трач за себе, што ќе предизвика лавина од негативни чувства но и разочараност. Сето ова ќе се случува на крајот од месецот. Разберете дека некои луѓе се завидливи, ништо повеќе.
Работа: Новини на полето на финансиите и работата, што ќе ја подобри енергијата и подготвеноста за решавање на личниот живот. Рутината, но онаа позитивната влегува во вашиот живот. Само сетете се дека нестрпливоста не е вистинскиот начин за нешто да се постигне. Посоветувајте се со постарите и поискусните, а притоа користете ја и интуицијата. На поедини Девици сеуште им се лсучува несреденост и хаос на работата, што ќе влијае на начинот на фокусирање на животот. Едноставно некои работи и ситуации не можат да се избегнат. Увидете ги своите потреби и ставете ги пред другите. Изгледа дека тоа е единствено решение за да стигнете до вашиот мир.
Здравје: Во текот на овој месец може да имате проблеми со грлото, евентуално со благо покачување на температурата.
Вага
Љубов: Љубезна, свесна и енергична Вага претставува рафинирана и разбирлива личност која ја возбудуваат нови идеи, но која сепак повеќе сака се да измери пред нешто да направи. Затоа на Вагата и е потребно доста време, но еднаш кога ќе донесе одлука, Вагата ќе тежнее кон најдоброто. Вагата е перфекционист, склона кон грижа за ситни и крупни работи, мада најчесто е преокупирана само со една работа: „ Дали имам направено добар избор?“. Ова ќе биде актуелно прашање во текот на овој месец.
Работа: Вашата намера да го направите она што сте го наумиле е силна како природна сила. Одлични сте сега и поседувате завидлива кондиција. Добро ја поднесувате работата под притисок, а дури можеби повеќе сакате што сте „притиснати до ѕид“ бидејќи тоа создава долнително ослободување. Икао вашата склоност да одите до крајност сега ќе дојде до израз, немојте преногу да чекате, бидејќи може да се случи никогаш да не „запливате“ кон своите промени, посебно на полето на работата. Вашите планови можат да бидат осуетени поради некои малку драматични околности или грешки на неодговорни луѓе кога работата е во прашање.
Здравје: Проблеми со гениталиите на почетокот од месецот. Не би било лошо да одете на лекарски консултации.
Скорпија
Љубов: Ќе добиете интересен љубовен глас или интересна љубовна порака. Тргнете во оставрување на она што го сакате, а вие сакате толку многу, само што не сакате самите на себе да си признаете. Во куќата не сте реални па погрешно ги проценувате намерите на другите, како и нивните постапки. Во пријателствата може да ве изневери личност на која сте верувале, но сите имаме слабости.
Работа: Поволни работни промени се овде, искористете ги, а сето тоа повеќе него поволно ќе влијае на севкупното ваше расположение и односите со луѓето. Скорпиите од треттата декада ќе се сетат на поговорката „подобро врапче во рака него голуб на гранка“ кога ќе им се отвори приказна за нова работа во текот на треттата недела од месец ноември.
Здравје: Воглавно ќе имате грижи околу своите блиски кога ова поле е во прашање. Внимвајте на својата енергија и како ја трошите.
Стрелец
Љубов: Стрелецот нема проблеми со поставувањето на цели. Вистина е, меѓутоа, дека тие цели не се секогаш остварливи. Но, авантурист, каков што е Стрелецот, ќе тежнее кон нешто големо отколку што ќе се задоволи со нешто предвидливо и обично. Освен тоа, ако не успее, тој се срамува да дигне раце од тоа. Како што Стрелецот има многу интересирања, а вниманието е лесно да му се одземе, често бива соочен со рокови кои истекуваат и бараат неприкината работа како што е случај во овој период. Во емоциите ќе уживате во драма која ви се случува, но трудете се тоа да не ви стане навика.
Работа: Можни се проблеми со личности со кои до вчера добро сте функционирале. Секогаш ве има служено среќа, но сега некои ситуации се имаат свртено во туѓа корист и вие не можрте да се снајдете во таа некоја нова приказна… Трошете се себе си на вистинските работи и обидете се своите планови да ги придвижите. Посебно за тоа ќе ви биде поволна средината на овој месец.
Здравје: Здравјето воглавно е добро.
Јарец
Љубов: Посветете се на себе и само на себе. Посетете некои драги личности и поминете некои пријатни заеднички часови во дружење. Ќе биде тоа позитивно исполнување на времето. Сепак не заборавјте на обврските кои ве очекуваат.
Работа: Јарецот е амбициозен, вреден, продуктивен и дисциплиниран. Сепак, Јарецот често е фрустриран и нестрплив, бидејќи сите работи се одвиваат така споро. Јарецот е опседнат со работата, поготово во овој период. И покрај феноменалната енергија со која располага и смислата за хумор која го спасува, Јарецот многу ретко се забавува, тој едноставно незнае како тоа би го правел, односно што би направил, ако не работи. Трудете се да не ги запоставите емоциите. Малку нежност не е на одмет. Внимавајте на евентуалните пропусти на работа. Подгответе нов план за акција.
Здравје: Проблеми со крвниот притисок и проблеми со реума.
Водолија
Љубов: Пристигнува глас од стар пријател(ка). Убаво ќе си поминете. Во партнерството ќе бидете доволни едни на други. „Снижете го гласот“ и престанете да барате преку леб погача. Некој нема секогаш да ви ги простува грешките. Партнерот нема омекнато, само очекува што следно ќе направите. На слободните им следи повик од личност која долго ја немаат видено. Пријатно ќе се изненадите, посебно во првата половина на ноември.
Работа: Се оптеретувате себеси со своите и туѓите непотребни работи и ситуации, додека оние вистинските се случуваат. Кај некои луѓе вашиот труд и грижа не се прифатени на адекватен начин, не онака како што имате очекувано, па е присутно чувство на разочарување. Немојте упорно да се придржувате на тагата, но воедно не преземајте револуционерни чекори, барем не сега во овој момент. Внимавајте на евентуалните пропусти на работа. Подгответе нов план за акција.
Здравје: Проблеми со половината и нозете.
Риби
Љубов: Поимот на организирано време не е сосема јасен на Рибите. Времето е флуид! Времето е релативен поим. И во овој период ќе ви биде тешко да се снајдете во времето и да се организирате и во приватниот живот, како и на работа. Некој од вас ќе биде склон кон сонување, други ќе бидат склони кон потцетнување на себе, реагирајќи на секоја промена или збор на емотивен начин. Ќе бидете растргнати помеѓу плановите и очекувањата. Важно е сега да ги разликувате стравот и фактите и секоја промена ќе биде вистинска. Оние кои треба да останат во вашиот живот, ќе останат. Биде свесни за тоа.
Работа: Ве очекуваат нови понуди на работа, а од друга страна стојат во ред луѓе кои се силно заинтеесирани за истото. Тоа помалку ќе ве плаши. Наместо да ги испочитувате моменталните контакти, вие сепак размислувате што би било кога би било. Една интересна личност може да ви понуди добар план. Не ја отфрлајте таа идеја на лесен начин. Едностано разберете деке не можете да забодите нож во грбот на оние кои ве ценат и почитуваат. Минлива криза на мислите и смислата на вашиот живот не би требало да ве доведат во ситуација да го рушите она што е добро. Опуштете се и дејствувајте одма и сега. Ова е совет за месец ноември.
Здравје: Внимавајте на нозете. Не ги сфаќајте лесно проблемите со грлото во текот на овој месец.
РепубликаОвен
Љубов: Почетокот на овој месец ќе ви донесе изненадувања. За некои Овнови ќе има и перио