Месечен хороскоп за ноември!

 Пишува: професионален астролог Снежана ШтрковскаНоќ без Месечина и еклипса – 03 ноември; полна Месечина –17 ноември; Сонце влегува во Стрелец – 22 ноември; Венера влегува во Јарец – 05 ноември; Јупитер ретгрограден од 07 ноември.
Направете комбинација на толкувањата за вашиот знак и за подзнакот.*Ако сакате подетално да дознаете што ве очекува во тековната година,кликнете и нарачајте – соларен хороскоп.
ОВЕН – Поголемиот дел од настаните за вас овој месец ќе се однесуваат на тема „туѓи пари и како до нив“. Ве очекуваат бројни ангажмани, судир со некој од соработниците, а трудот ќе ви се исплати околу средина на месецот кога ќе добиете некакво признание. Посебно среќа ќе ве следи за време на викендот 09 и 10 ноември. Внимавајте на здравјето.
БИК – За вас драги Бикови овој месец други луѓе ќе се во центарот на вниманието: од судири и спротивставувања, покани за настани и презакажување на договорите, до љубовни средби, од сè по нешто ве очекува во текот на месец ноември. Месечината ќе го прекрие Сонцето на 03 ноември, а тоа за вас ќе значи дека ви се отвора нова страница во љубовта. Она што ќе го започнете во ноември, ќе потрае.
БЛИЗНАЦИ – Екстра пари доаѓаат овој месец од 07 ноември па натаму. За вас ова е прекрасен период за заработување, што ќе потрае до средина на јули 2014 година, па зграпчете ги сите шанси што се укажуваат. Посебно значајни денови ќе се: 13, 16 и 28 ноември. Стабилни договори за соработка ве очекуваат кон крајот на ноември. Некое патување ќе ви биде важно, можеби нема да заминете заради бројни ангажмани или од здравствени причини.

РАК – Посебно добри датуми за вас се 13 и 28 ноември, поврзани со љубовни или партнерски односи од било кој тип. Трошење заради забава – 13 ноември; љубовни настани – 16 ноември; а кон крајот на месецот ве очекува позитивен ефект од некоја ваша активност. Она што ќе го започнете на почеток на ноември, ќе потрае подолго време.
ЛАВ – Домот и домашните односи ќе ви бидат актуелни во ноември. Позитивен настан кон средина на месецот, кога вашиот владетел Сонце ќе направи прекрасен тригон со Јупитер. Љубов ќе барате од оние околу себе, а парите сè уште најмногу ќе ги трошите за дома.
ДЕВИЦА – Вашиот владетел Меркур тргнува директно, и тоа е добра вест. Марс во вашиот знак ве прави да се чувствувате натпреварувачки, но и полни со енергија. Искористете ја оваа дополнителна енергија за да поставите основи за понатамошно делување, но и за да се изборите за она во што верувате. Околу 10 ноември ве очекува склучување на некаков стабилен договор, и повторно во деновите околу 26 ноември. За пари, цел месец ви е наклонет. Љубовен настан (безумна љубов или испад на љубомора) – 08 и 16 ноември.

ВАГА – Пари за давање или за земање и овој месец ќе ве преокупираат. Почетокот на месецот ќе ве најде затечени од некаков испад на партнерот/ партнерката, во најмала рака ќе е неочекуван настан што ќе ви го подготви некој вам близок. Од 03 ноември па натаму, за вас драги Ваги започнува серија на позитивни промени во финансиите. Очите ширум отворени, и фрлете се во активности.
СКОРПИЈА – Активен месец за вас ќе е ноември. На 03 ноември се случува настан на небото во вашиот знак: еклипса, или помрачување на Сонцето, односно Месечината ќе го покрие Сонцето, што ќе биде видливо од Земјата. Ова секогаш носи можности за започнување на нешто ново. Поддршка од пријатели или група која ви е наклонета; контакти со луѓе кои се во или од странство; а можно е и патување за вас драги Скорпии. Потпишување на нешто стабилно и значајно ве очекува околу 26 ноември.
СТРЕЛЕЦ – Месецов ќе е во знак на откриени тајни, ваши или туѓи, скриени активност поврзани со пари, но и со било што, како и обврски на работа. Парите ќе доаѓаат и ќе заминуваат од вашиот џеб, а вие ќе се обидувате да го скриете тоа од некого. Вашиот владетел Јупитер тргнува во ретроградно движење гледано од Земјата на 07 ноември, а на 13 ноември ќе ви донесе некаков успех и радост.

ЈАРЕЦ – Цел ноември ќе го паметите по пресвртите кои ќе се случуваат. Поддршка од пријатели или од некого од странство очекувајте околу 10 ноември. Венера е во вашиот знак и ќе ви донесе олабавување, препуштање на забава, дружби, пријатно поминати вечери, а љубовта ќе ве посети во неколку наврати: околу 08 ноември (романтично), 16 ноември (незаборавно) и 28 ноември (порака од стара љубов).
ВОДОЛИЈА – Уште на почеток на месецов ќе бидете сведок на некоја кавга. Воздржете се да не се замешате. Помрачувањето на Сонцето кое ќе биде на 03 ноември, ви носи некаква промена поврзана со работа, а ако чекате документ или исплата на пари, 26 ноември е добар датум за такво нешто.
РИБИ – Нептун е во вашиот знак и менува правец на 13 ноември. Ако се чувствувавте „наопаку“ поставени во изминативе месеци, сега сè ќе си дојде на свое место. Но не сосема, бидејќи вашиот владетел Јупитер, пак, тргнува во ретроградно движење гледано од Земјата неколку дена пред тоа. Како и да е, некакво самопотврдување ве очекува овој месец, важна порака од странство, и активност поврзана со повисоко знаење (запишување на курс или доусовршување).Ноќ без Месечина и еклипса – 03 ноември; полна Месечина –17 ноември; Сонце влегува во Стрелец – 22 ноември; Венера влегува во Јар

Пронајдете не на следниве мрежи: