Што ве очекува овој месец?Овен
Најважно е овој месец да им посветите внимание на сите со кои имате партнерски односи, било деловен или пак емоционален. Ќе бидете креативни и натпреварувачки настроени. Ќе успеете со добра стратегија да триумфирате. Може да добиете унапредуваење, но и понатаму продолжете да го одржувате добриот однос со сите со кои досега соработувавте. Во љубовниот живот, ќе се помирите со настаните. А ако барате сродна душа, може да ја најдете во кино или пак на театар.
Бик
На работа најголем успех ќе имате само ако се потпрете искучиво на себе. Ве очекува многу подобра заработувачка. Во текот на целиот месец ќе размислувате да купивање на нов стамбен или деловен простор. Од вас овој месец се очекува максимална дипломатија и такт. Во љубовта ќе бидете повеќе расположени за нежност и внимание отколку за страсти. Може да се случи на крајот на месецот да заминете со партнерот на патување. Внесувајте повеќе течности.
Близнаци
Вообичаено сте комуникативни но овој месец вашиот ум ќе работи многу брзо и секој вид на комуникација ќе биде невозможен. Особено ако треба да организирате некој важен настан. Може да се случи да добиете интересна понуда за работа. Па така не пропуштајте нипто, затоа што овој месец информацијата ќе биде најважна. Ќе се заљубите толку многу што нема да ви биде јасно што ве снашло. Здравјето ви е одлично.
Рак
Мислите дека постојано носите лоши одлуки па така тоа што го одлучивте вчера ви се чини многу лошо денес. Точно е дека ѕвездите ве тераат да ризикувате но вие одбијте го тоа по секоја цена. Најдете нешто интересно и во рутинските работи кои ги извршувате. На крајот на месецот вашите напори ќе се исплатат. Имате потреба од љубов, прегратка и сочувство.
Лав
Имате енергија и желба за напредок, но сето тоа треба добро да го насочите за да успеете. Планирајте краткорочно и многу добро организирајте се. Парите доаѓаат од идеи. Во љубовта воздржете се од предизвикување на среќата, имате одличен партнер и внимавајте како се однесувате со него. Искрено се сакате а тоа е доволно. Со останатите тешко ќе наоѓате компромис. Внимавајте на исхраната.
Девица
Се чувствувате презафатено и забрзано, како многу да работите а резултатите никако да дојдат. Нехармонични се односите и со семејството а имате чувство дека многу работи се случуваат зад вашиот грб. Мислите дека останатите ве сметаат за зависник од работа. Во љубовта се обидувате да го промените партнерот но тоа тешко ви оди од рака.
Вага
Конечно како да сте свој на своето, дојдоа и вашите пет минути. Сите работи завршете ги без одложување. Побарајте го она што ви припаѓа и она кое го заслужувате. Ќе добете поддршка од влијателни личности и тоа ќе ви помогне во кариерата. Во љубовта е време да кажете јасно што сакате и да покажете дека не се плашите од несупех. Можно е мал замор и потреба од повеќе сон.
Скорпија
Вашата шанса овој месец да успеете во финансиските зафати ќе дојде но треба да бидете многу трпеливи и подготвени за компликации и одложувања. Од вас ќе се очекува подготвеност да излезете на крај со сите предизвици. Оние кои се занимваат со истражување ќе бидат особено успешни. Во љубовта имате чувство дека саканата личност не ви возвраќа доволно или дека е ладна кон вас.
Стрелец
Месецот кога мора да одлучите дали сакате да заминете во странство или ќе го прифатите унапредувањето и ќе останете таму каде што сте. Ентузијазмот е изразен, но сепак немојте да бидете премногу воодушевени и да ги занемарите конкретните показатели. Вашата организираност ќе биде патот до успехот. Во љубовта сте полни со жар. Се заљубувате пет пати во денот.
Јарец
Овој месец ќе бидете подготвени за нови подвизи и нови успеси. Но особено внимавајте на 8-ми октомври и не дозволувајте да избувнете и да изгубите се што имавте до сега. Особено чувајте се од конфликти. Семејниот живот ќе биде критичен. Спремете се за разделба. Болки во нозете.
Водолија
Ќе имате многу големи шанси да се вработите ако тоа ви е потребно. Ќе профитирате од потпишувањето на некој договор. Ако сте веќе вработени постои можност да пронајдете многу подобра работа од која многу подобро ќе заработувате. Во љубовта е време за стабилна врска, а може и да размислувате за заеднички живот. Пријателите максимално ќе ве поддржуваат, можете да сметате на нив. Сосема добро ќе се чувствувате.
Риби
Воздржете се од големи и важни одлуки. А искушенија секако ќе има многу. Не им давајте толку големо значење на парите овој месец затоа што навистина многу ќе погрешите. Слободните уметници, како и вработените во осигурителните компании ќе бидат соочени со многу големи предизвици. Страсна врска ве очекува на крајот на месецот. Можна е мала настинка. Овен
Најважно е овој месец да им посветите внимание на сите со кои имате партнерски односи, било деловен или пак емоционал