Месечен хороскоп за октомври!

Прочитајте што ве очекува во месец октомври – 2015 година.Овен
Во октомври, претставници на овој знак ќе имаат желба да посветат повеќе време на приватниот живот. Поволно време за создавање или зајакнување на нови врски и пријателства. Интересен развој може да има ваша романтична преписка со човек од друга локација/држава, без оглед што ќе биде во иднина.
Ќе очекувате разговори и состаноци поврзани со финансиските интереси. Пресвртници ќе има во животот на родителите чии деца живеат далеку од нив или во овој месец ќе го напуштат домот за долго време. Внимавајте на личните предмети и односите кон девојка или некоја млада жена од блиското окружување.
Дефинитивно може да очекувате успех при остварувањето на некоја цел или задача за која долго време се обидувате да ја реализирате. Неочекувана појава во животот ви носи нов човек или стар пријател во знакот на Риби, Рак или Скорпија.
Бик
Октомври ќе биде успешен месец за вас. Ќе ја имате потребната доза на среќа и заштита кога ќе ви бидат најпотребни. Проблем ќе биде вашата конфликтност и зајадливоста. Тие можат да доведат до искушение во односите и плановите кои се од суштинско значење за вас. Особено бидете внимателни ако сте ангажирани со некакво судење.
Итрина и лицемерие на човек кој се движи во вашето пријателско опкружување ќе ве натера да размислите сериозно какви ќе бидат вашите одмазднички акции. Во оваа фаза повеќе ќе размислувате, отколку да преземете нешто конкретно.
Можни се проблеми со човек од знакот на Бик, Јарец или Девица. Тие веројатно ќе се поврзани со појавата на битни проблеми, несреќи, проблем со автомобил и др. Можно е добивање на пари или други поволности. Многу ќе ви недостига некоја личност која останала во вашето минатото. Обидете се да ги обновите односите со неа – нема да зажалите.
Близнаци
Ви претстојат многу собири, купувања, подароци, празници.Расположението ќе ви биде на високо ниво. Важен повод за собирање или празник ќе имате околу личност родена во знакот на Рак, Скорпија или Риби.
Надежи поврзани со проблеми за решавање или развој на станбен имот, проект или проблем. Нечија двојна игра спрема вас го спречува решавањето на проблемите. Ви следи одделување од човек роден под знакот на Бик, Девица или Јарец, најверојатно од пријателската околина поради заминување во друго населено место.
Ќе затворите една непријатна епизода од животот. Неочекувана шанса, среќа или настан ќе ви покаже колку вистина има во зборовите дека по бура доаѓа сонцето. Можност за хармонизирање на проблематични односи. Ви следи неочекувана средба или друг непланиран настан.
Кај жените над 35 години може да се појави патување поради работа, со одредена цел или должност.

Рак
Во овој месец би можеле да добиете пари кои ќе дојдат главно од страна на маж: роднина, раководител, бизнис партнер и др. Октомври може да донесе емоции и хармонија во односите кај младите парови. Дури и да сте осамени, сега тешко ќе одолеете на искушението да имате нова љубовна врска, авантура или само флерт.
Претстојат средби од особено значење. Можен е неочекуван колапс, личен или професионален проблем за човек од семејството, кој ќе донесе паника за некое време. Тешко ќе избегате од еден стар конфликт, а кој и овој пат дури може сами да гопредизвикате само за да имате можност да кажете сѐ што ви лежи на душа. За жал, на крајот ќе има повеќе негативни емоции во душата, отколку на почетокот. Веројатност од појава на неопходност да уредите, подготвите и финализирате важен документ поврзан со судска или правна институција, нотар и др.
Лав
Избегнувајте со испади на љубомора овој месец и воопшто конфронтација со партнерот. Нанесените навреди и емоционални рани нема да заздрават лесно.
Особено сложени можат да се покажат односите ако имате партнер во знакот Риби, Рак или Скорпија. Со задоцнување ќе го добиете заслуженото во облик на награда, имот придобивка или друг важен настан од материјален карактер во животот и тоа од човек од пријателско окружување.
За жените над 35 годишна возраст октомври ќе е сложен месец, со мали можности за напредок и успех. Добро е да внимавате. Проблеми кај мажите над 35 години поврзани со лицемерие и завист на луѓе на работното место.
Во октомври може да добиете неочекувана шанса, среќа или предлог од страна на човек роден под знакот на Бик, Јарец или Девица. Можно е ново познанство со таков човек.
Девица
Во октомври ќе имате можност да обезбедите подобри приходи или барем да задржите стабилен семеен буџет. За некои Девице е можно преселување во нов дом.
Во октомври може да се наметнат некои рутински грижи за вашето здравје, посета кај стоматолог и др. Ќе се грижите за здравјето на некој ваш роднина или пријател  под знакот на Овен, Стрелец или Лав. Добри вести овој месец ќе бидат поврзани со работата или бизнисот. Можно е да добиете поволна понуда, зголемување, преместување, промена во платата, нови клиенти или бизнис партнери.
Можно е да се патувате за да средите важен документ за вас, да решите некој проблем или друга ситуација поврзана пред сè со добивање на пари.

Вага
Овој месец ќе биде запаметен по еден неочекуван успех на жена која е ваша роднина или многу блиска пријателка. Она што ќе се случи во нејзиниот живот некако ќе даде позитивно влијание и на вашиот сопствен живот.
Малаксаност или депресија во животот на човек од вашето семејство. Тага или жал за некаква загуба, неуспех, разделба. Кај семејните мажи Ваги, ќе има лесни несогласувања во бракот, но тешко ќе се заборави една навреда или обвинување. Проблеми со документи или други формалности поврзани со бременост, бебе или дете.
Октомври може да се запамети со една важна промена во работата, нов почеток или нова активност, позиција, посветеност. Мало зголемување на приходите ќе означува признание за вашиот професионализам. Ако имате партнер Стрелец, Овен или Лав, може да ве изненади неочекувано во врска со некој настан. Ќе има за што да се израдувате и ако партнерот ви е Вага, Водолија или Близнаци.
Скорпија
Октомври може да се покаже како пресвртница во вашиот живот. Ќе произлезат настани во вашиот или на блиски луѓе живот, кои ќе ја утврдат потребата од некоја брза промена, одлука, крај. Важна улога во тој судбински момент ќе одигра личност родена во знакот на Риби, Рак или Скорпија.
Избегнувајте да имате финансиски односи со пријатели. Овој месец постои ризик да изгубите пријателство поради различни заеднички активности поврзани со пари, кредит, итн. Многумина ќе почувствуваат љубовна еуфорија. Внимавајте со кого, што споделите. Не секој ќе ужива вашата љубов…
Во октомври ви претстојат неколку состаноци и собири со посебен повод, со потреба од подарок или специјално приготвување. Може да ви биде потребно да пречекате гости во својот дом за да го прославите нечиј успех.
Неочекуван спор за голема сума на пари.
Стрелец
Во октомври родителите во знакот на Стрелец со деца родени под знакот на Вага, Водолија или Близнаци, ќе имаат причини за силни емоции и искуства поврзани со важни настани.
Ќе бидете во исчекување да видите како ќе се одвива развојот/завршувањето на проблеми кои го попречуваат развојот на важни за вас семејни или професионални планови. Дефинитивно среќа ќе е на ваша страна и ќе бидете доволно разумни и трезвени да не ја пропуштите дадената шанса.
Иако хармонијата и стабилноста се затспанеи во семејните односи, ќе имате тешки денови во кои лесно ќе бидете вмешани во конфликти за безначајни нешта. Ви претстои важен разговор со жена од пријателската околина. Истата личност ќе ви помогне кога најмногу ќе ви биде потребно.

Јарец
Во октомври може да ви биде потребно да одложите едно патување во друго населено место или да ја одбиете можноста некој да патува за да се сретне со вас. Овие промени не се негативни за вас, туку се дел од еден процес на промена, кој во моментов се одвива во вашиот живот.
Вие може и да не гледате некакви видливи промени, но тие сами по себе одат и ќе имаат резултат кон крајот на годината. Непријатна вест поврзана со млад маж роден во знакот на Скорпија, Риби или Рак. Во месецов може да добиете пари преку човек, кој е роден во знакот на Бик, Јарец или Девица. Можно е решавање на договор или документ со таква личност.
Внимавајте на работното место! Сега е подобро да вметнете помалку емоции во односите таму и повеќе прагматизам и професионализам. Не брзајте со коментари, тоа е нешто сериозно и треба подобро разгледување на нештата. Љубовта ќе биде комплексна и во повеќето случаи проблематична. Ништо од минатото нема да се врати во сегашноста. Сега е време да се гледа напред во иднината…
Водолија
Во октомври ви претстојат неколку интересни собири или гостувања во вашиот дом. Тоа ќе бидат некои ваши пријатели или истомисленици во некоја општа идеја или кауза. Можно е да имате нови соседи, станари и др. Здравјето на роднина или важен за вас човек може да создаде привремена паника, потреба од посебна грижа или надзор.
Вест поврзана со инцидент, несреќа со човек кого познавате. Многумина ќе имаат можност да ревитализираат стара пријателска, љубовна или брачна врска, но ќе се задржи една дистанца и внимателност. Можна е разделба со сакана личност поради патување во друг град или држава. Интереснен развој на настаните може да се очекува и во врска со партнер оддалеку.
Настани во животот на ќерка, внука или друга девојка/млада жена од семејството ќе биде повод за важни разговори, дискусии, разгледување на конкретни решенија и активности. Нова љубов со човек со кого ќе имате необјасниво привлекување, сличност во некои важни моменти или датуми од животот и други интересни допирни точки. Нови околности или промени во плановите поврзани со патување.
Риби
Контакти (најверојатно виртуелни), со една нова личност ќе ве инспирира со нови идеи, надежи, очекувања. Ново познанство во романтичен или професионален план со човек роден под знакот на Овен, Рак или Скорпија. Важна улога во животот во октомври ќе одигра личност родена во знакот на Бик, Девица или Јарец.
Избегнувајте купување на скапи предмети, освен во случаите во кои сте принудени од околностите да го направите тој потег. Во овој месец може да се ангажирате сериозно со обликувањето на документи поврзани со наследство, тестамент, пензија, надомест или осигурување. Мотивација што ќе ви дадат корисни информации за некој ваш финансиски проблем, дилема. Семејните односи можат да бидат напнати или ставени на тест пореди некое озборување, интрига или друг вид на малициозна активност.
Октомври ќе е силен месец на професионален план. Нов човек во работното окружување, бизнис партнер или важен клиент ќе ви даде дополнителен елан да ги истакнете способностите.Овен
Во октомври, претставници на овој знак ќе имаат желба да посветат повеќе време на приватниот живот. Поволно време за

Пронајдете не на следниве мрежи: