Места на кои не треба да користите кредитни и дебитни картички

Кредитните и дебитните картички одамна ја заменија готовината која и понатаму е најсигурниот облик на плаќање. Без разлика на заштитата, сѐ почесто доаѓа до злоупотреба на картичките.
 Освен физичката кражба на кредитните и дебитните картички, често се случуваат и кражби на податоците од картичките на Интернет или со помош на електронски уреди кои криминалците ги поставуваат на банкоматите и други уреди. Погледнете на кои места не би требало да користите кредитни и дебитни картички.
1. Банкомати кои се оддалечени од банкатаЕкспертите препорачуваат да се користат само банкомати кои се наоѓаат во банките или во нивна непосредна близина, бидејќи оние оддалечените на изолирани места се мамка за криминалците. Во нив е полесно да се постават уреди за кражба на податоците, бидејќи не се под постојан надзор.
2. Улични станици за полнење на мобилниотКога патувате во странство, можете да наидете на киосци за полнење на батеријата на телефонот. Во некои градови таа услуга е бесплатна, но таму каде што не е, мора да платите со кредитна картичка. Освен што може да ги украдат податоците од картичката, познато е дека можат да ги симнат и податоците од вашиот мобилен.
3. Десктоп и мобилни апликацииБидете внимателни при купувањето надвор од официјалната продавница со апликации или официјалната програма. Сигурно веќе сте имале прилики да видите поп-ап прозорци кои ви бараат да уплатите одредена сума пари за да го отстраните вирусот или да ги отклучите вашите документи, но не наседнувајте на такви барања, бидејќи е во прашање измама.
4. Непроверени онлајн веб-сајтови за купувањеМожеби сте помислиле дека веќе го знаете ова, но не е штетно да повториме колку е опасно оставањето на податоците од својата картичка на веб-сајтови чија сигурност претходно не сте ја провериле.
Секогаш внимавајте на вашите лични податоци, како ги користите и на кој начин ги споделувате, а овие лични податоци никако не треба да ги испраќате преку текстуална порака.Освен физичката кражба на кредитните и дебитните картички, често се случуваат и кражби на податоците од картичките на Интернет или со помош на елек

Пронајдете не на следниве мрежи: