Место професионална администрација, брутална партизација

СДСМ продолжува со праксата едно да зборува пред избори, друго да прави кога е на власт. Доказ за тоа се кадровските промени кои СДСМ ги направи откако ја презема власта, кои претставуваат целосно демантирање на она што тие го тврдеа во периодот додека беа во опозиција.Додека граѓаните чекаат исполнување на ветувањата за повисока минимална и просечна плата, за укинување на радиодифузната такса, како и уште многу други ветувања кои Заев и СДСМ во кампањата ги даваше, а сега ретерира од нив, новата власт се зафати со вдомување на своите партиски кадри во државните институции. СДСМ пред изборите го обвинуваше ВМРО-ДПМНЕ дека вработувал партиски кадри и најави дека со закон ќе го регулира тоа, меѓутоа во пракса гледаме друго, а тоа брутална партизација на институциите.
-Сметаме дека треба да се намалат политичките именувања во кабинетите на министрите, да се ограничат така како што е со закон и тоа да се почитува, изјави новата министерката за одбрана Шекеринска, кога СДСМ се уште беше во опозиција.
 
 

Но, за разлика од нејзините зборови, оние кои што ветуваа живот за сите граѓани, подаруваат живот само на своите партиски кадри. СДСМ не чекаше ниту еден месец откако е на власт, па постави партиски кадри скоро секаде. Сменет беше директорот на Службен весник Лука Кржалоски, на негово место поставен партиски кадар во името на Мартин Костовски, истиот случај го имаме и во Државниот архив, каде Кирил Петров седна на местото, во Државниот завод за статистика на местото на Лидија Костовска поставен е Апостол Симовски. Партиски кадар е поставен и во Агенцијата за администрација, каде на местото на Жаклина Николовска именувам е Спасе Глигоров.
Партиски кадар е поставен и во Агенцијата за млади и спорт, каде на местото на Марјан Спасески дојде Дарко Каевски, за кого во јавноста не неговото претходно работно искуство и дали воопшто го има, за него се знае само дека е еден од најистакнатите партиски војници на СДСМ.
Смени на директорските позиции имаше и на клиниките, каде од директорската позиција на Кардиологија беше сменет еден од најдобрите кардиохирурзи кои Македонија некогаш ги имала Сашко Кедев, на негово место беше поставен Беким Поцеста.
Покрај директорски позиции недолго после преземањето на власта СДСМ под државна капа ги стави и други партиски членови, активисти на Сорос, како и лица кои се познати од „Шарената револуција“, кои причинија огромна материјална штета на објекти низ Скопје, како што се Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Петрит Сарачини, Никола Наумовски, Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Бранимир Јовановиќ и многу други.
Демантирање на она што СДСМ го зборуваше пред да ја преземе власта даде и пратеникот на оваа партија Курто Дудуш, тој на средба со граѓани објаснуваше што за обичниот човек во секојдневниот живот може да значи членската книшка од СДСМ и колку таа е важна за многу работи.
–Да се биде член на СДСМ е голема работа. Дали ќе имате проблеми во Социјално за нешто најмало, дали нема да поминете на пешачки премин и ве казни полиција, дали ќе управувате со автомобил кој не е регистриран или не сте вклучиле светилки или пак не сте врзани со појас. Дали во некое министерство ќе ти треба некаков документ, дали кога ќе отидете на лекар, ќе ви треба познанство, дали ќе треба да се вработите во некое министерство, не знам, за икс работи за секојдневни потреби. Затоа ќе биде многу битно да имате таков документ, затоа што таа ќе ти биде втора лична карта, вели Дудуш.
 Додека граѓаните чекаат исполнување на ветувањата за повисока минимална и просечна плата, за укинување на радиодифузната такса, како и уште многу д

Пронајдете не на следниве мрежи: