Металург поразен во Велење

Горење го победи Металург со 23:19, во натпреварот од осмото коло во Лигата на шампиони, со што изби на втората позиција во Ц групата.Ракометарите на македонскиот првак, во Велење одиграа натпревар со многу осцилации и технички грешки што на крајот и ги чинеше пораз.Металург одигра како што требаше само на стартот од натпреварот кога поведе со 5:2, од тој момент Горење започна да ја контролира играта стигна до предност ос 7:6 која не ја испшти до крајот од средбата.Играчите на словенечкиот шампион прашањето на победникот го решија во средината од второто полувреме кога со серија 10:4 стигнаа до предност од 21:15. Безјак со шест, односно Доленец и Гемс со по пет погодоци го предводеа Горење до победата, во тимот нс Металург најефикасен беше Мојсовски со седум голови.Металург во следното коло, на 16.февруари, ќе му гостува на Санкт Петербург.
МакфаксГорење го победи Металург со 23:19, во натпреварот од осмото коло во Лигата на шампиони, со што изби на втората позиција во Ц групата.

Пронајдете не на следниве мрежи: