Металург запиша уште еден пораз во тековната сезона на Лигата на шампионите Во Париз забележавме висок пораз од екипата на Пари Сен Жермен, пораз кој веројатно и не можевме да го избегнеме. Видовме еден мотивиран противник, кому му се спротиставивме со игра многу полоша од таа што ја пруживме на последната средба со екипата на Натурхаус ла Риоха.
Бевме, колку толку, рамноправни само во првите десетина минути од средбата, а потоа играше само домашниот состав. Бевме целосно надиграни и доживеавме висок, но сосема заслужен пораз, со резултат 24:35 (10:19).
Ако има нешто позитивно во денешната средба тоа секако е храбрата игра на нашите млади ракометари, кои максимално го искористија својот настап и постигнаа вкупно 9 гола: Никола Маркоски – шест, Мартин Манасков – два и Марко Нелоски – еден.
Ако, според многу параметри, напреварот со екипата на Пари Сен Жермен беше однапред загубен, тоа не може да се каже за средбата која не очекува веќе в сабота, на 6. декември. Во Скопје ќе го дочекаме тимот на Брест Мешков, а таа средба е наша добра можност за освојување на нови бодови.
Пари Сен Жермен – Металург 35:24 (19:10)
Пари Сен Жермен: Омејер, Анони, Мелиќ 1, Акамбре 5, Часар 2, Гојун 3, Вори 2, Н’Диаје 1, Гунарсон 2, Абало 2, Хансен 4, Нарцис 1, Онрубиа 2, Копљар 6, Бараше 1 и М’Тима 3. Седмерци: 2/2. Исклучувања: 2 минути.
Металург: Митревски, Мисовски, Ојлески, Вугринец 4, Нелоски 1, Георгиевски 3, Д.Манасков 4, М.Манасков 2, Миркуловски, Кукоски, В.Маркоски 1, Н.Маркоски 6, Димовски 2, Мојсовски 1, Јоновски, и Џукиќ. Седмерци: 1/2. Исклучувања: 4 минути.
Средбата ја судеа турските судии Курсад Ердоган и Ибрахим Оздениз, а делегат беше Холанѓанецот Фердинанд (Фери) Ван дер Хелм.
Извор: rkmetalurg.mk Во Париз забележавме висок пораз од екипата на Пари Сен Жермен, пораз кој веројатно и не можевме да го избегнеме. Видовме еден мотивиран прот