Метеоролозите најавуваат ново невреме за викендот- еве на што се должи нестабилноста

Невреме со град и грмотевици, краткотрајни, но поројни дождови, поплавени куќи и дворови и реки по улиците – дали вакво сценарио ќе се оствари и за време на викендот за кога се најавени нови интензивни врнежи? Дневните температури над 30 степени, неочекувано паѓаат на 15, а сонцето го кријат темни облаци, Македонија се почесто се дави во вода.Експертот по климатологија и применета метеорологија, Пеце Ристевски, вели дека влијание за ваквата појава имаат медитеранските циклони кои носат интензивни дождови со кусо траење и брзи температурни промени, со топли и студени бранови. Македонија, според предвидувањата на Меѓународниот панел за климатски промени, допрва ја очекуваат природни катастрофи. 
 
Промените во времето се резултат на глобалните климатски промени и ефектот на стаклена градина, смета Ристевски. На тоа влијае неконтролираното користење на фосилни горива, зголеменото количество на СО2 и водената пареа. Доказ дека климата ќе стане сурова е и завчерашното торнадо во Москва, кое однесе десетици жртви, појава која е невообичаена за тој регион.
 
Ново невреме, метеоролозите најавуваат за време на викендот. 
 
Од секторот за хидрологија за Алфа информираат дека реките и водостоите се во рамки на дозволените граници и оти не се очекува нивно излевање со најавените врнежи. Велат, нема ниту опасност од поплави. 
 
Инаку, вчера охриѓани ги зафати силно невреме со град. За само десетина минути, дождот улиците ги претвори во реки. Големата количина дожд предизвика потешкотии во сообраќајот, а најпогодени беа жителите од стариот дел на градот, каде улиците беа целосно поплавенЕкспертот по климатологија и применета метеорологија, Пеце Ристевски, вели дека влијание за ваквата појава имаат медитеранските циклони кои носат

Пронајдете не на следниве мрежи: