Во врска со процесот на издавање на обврзницата сакаме да го истакнеме следното. Целиот процес се одвива врз основа на закон и е кристално чист од законски аспект. Економската турнеја на владиниот економски тим во насока на анимација на потенцијалните инвеститори за еврообврзницата помина во исклучително позитивна атмосфера и амбиент, потенцијалните инвеститори покажаа голем интерес за еврообврзницата притоа истакнувајќи исклучително позитивни оценки за карактериските на македонската економија, се вели во соопштението од Министерството за финансии (МФ) испратено вечерва до јавноста.-Во финалната фаза на процесот се постигна огромен интерес на страната на инвеститорите и по обемот на средства и по условите за издавање на еврообврзницата. За жал, македонската опозицијата во својот познат стил на деструкција се обиде повторно да нанесе штета на РМ преку обид неосновано и тотално нерационално и без никаков аргумент да го оспори овој процес преку пишување на писма со невистинита содржина и без никаков основ,факт или аргумент, се вели во соопштението.
Од МФ потенцираат дека овие писма доведоа до привремен и краткотраен застој на процесот, но сакаме да истакнеме дека овој процес не е стопиран и тој ќе продолжи и многу брзо ќе има завршница.
-МФ во брз рок ќе ги објасни сите состојби до потенцијалните инвеститори и ќе ги разбие дилемите и забуните кои СДСМ се обидува да ги наметне. Сакаме да апелираме за смиреност кај јавноста,и упатуваме целиот процес да се следи со особено внимание за да може уште еднаш граѓаните да се уверат во штетните потези на СДСМ,и да направат разлика на тоа однесување со нашите заложби за обезбедување на услови за раст и развој на македонската економија и реализација на ветените проекти, се вели во соопштението.-Во финалната фаза на процесот се постигна огромен интерес на страната на инвеститорите и по обемот на средства и по условите за издавање на еврооб