Министерството за финансии го доби пред три работни дена од општина Центар барањето и банкарска сметка за извршување на поврат на 25 милиони денари. За да се исплатат овие средства Министерството треба да донесе решение за поврат, кое е во тек, наведуваат од Министерството за финанси во реакција на соопштение на општина Центар.– Дали во општина Центар има правници за да му ја објаснат процедурата за поврат на средства на градоначалникот на општината? Очигледна е тенденцијата на општина Центар да го злоупотребува Министерството за финансии за политичка пропаганда. Истото го направија и со училиштето во Капиштец – на одобрен кредит од страна на Министерството за финансии, градоначалникот даваше изјава дека Министерството за финансии не одобрува кредит за училиштето, наведуваат во реакцијата.
Министерството за финансии бара општина Центар да не го злоупотребува за политички маркетинг и смета дека тенденцијата е очигледна.– Дали во општина Центар има правници за да му ја објаснат процедурата за поврат на средства на градоначалникот на општината? Очигледна