Министерството за финансии денеска врати 1,126 милијарди денари или 18,3 милиони евра во стопанството по основ на издадени и доспеани за отплата државни записи.На вчерашната аукција Министерството повлече двојно помалку средства, односно 569,9 милиони денари или 9,2 милиони евра. На овој начин нето задолжувањето преку државни записи, само преку оваа аукција е намалено за 9 милиони евра.
Со ова Министерството ја реализира најавата и ја исполнува определбата за намалување на повлекувањата на средства од домашен пазар. Ваквата стратегија треба да остави повеќе ликвидни средства во стопанството, што би придонело за зголемено кредитирање на корпоративниот сектор и со тоа раздвижување на економијата.
Во изминативе два месеци се откажани дури три предвидени аукции на државниот пазар. Нето задолжувањето по однос на државни записи се приближува кон нула.На вчерашната аукција Министерството повлече двојно помалку средства, однос