По неколку месечна пауза денес во Собранието на Република Македонија повторно се одржува седница наменета за поставување на пратенички прашања. На оваа седница свои прашања до претставниците од извршната власт постави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.Тој на оваа седница постави три пратенички прашања, од кои две беа упатени до претседателот на Владата Емил Димитриев и едно до министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Тој посочи дека овие прашања се произлезени од актуелните состојби и доаѓаат директно од средбите со граѓаните во локалните пратенички канцеларии.
Првото поставено прашање до претседателот на Владата Емил Димитриев беше во врска со рудникот Иловица. Како што рече Мицевски, овој рудник претставува сериозна инвестиција во рударскиот сектор и сериозна инвестиција во овој регион бидејќи работењето на овој рудник значително ќе влијае на зголемувањето на извозот на Република Македонија. Конкретното прашање на пратеникот Мицевски гласеше, со оглед на тоа дека има компанијата “Еуромакс“ ќе инвестира во рудникот Иловица со што ќе се отворат нови работни места, јас би сакал да знам кои се понатамошните планови за овој процес, за ефектите од истиот, како и придобивките кои што ќе ги има источниот регион од инвестицијата во рудникот Иловица?
Премиерот Димитриев во врска со ова прашање посочи дека најавената инвестиција во рудникот Иловица е уште еден голем проект на Владата за привлекување на нови инвеститори во Македонија за отворање на нови работни места. По неодамнешните истражувања за ефектот од ископување на руда, тој напомена дека се донесе одлука за инвестирање во овој рудник. Димитриев посочи дека се работи за огромна инвестиција од 500 милиони евра за старт со работа на рудникот која се очекува во септември или октомври оваа година, а дека од ноември ќе се започне со етапно екипирање на нови работници односно кога рудникот ќе почне да работи со полн капацитет ќе значи вработување од околу 600 до 1000 работници.
Второто пратеничко прашање беше во врска со инфраструктурниот бум кој што се случува во моментов во нашата држава и од кој што се добиваат позитивни реакции од граѓаните. Тој напомена дека покрај актуелните инвестиции на три автопатски делници, дали во моментов се работи на 400 локални патишта. Оттука Мицевски праша, каква е состојбата и инвестициите во врска со регионалните и магистралните патни правци низ Македонија?
„Буквално нема регион во Република Македонија, каде што не се работи на градба на нови патишта, дали тоа се автопатишта, дали се експресни патни правци или регионални патишта. Во моментов во фаза на градба се 15 патни правци вкупна должина од 255 километри и вкупна вредност од 86 милиони евра“, посочи Димитриев.
Последното пратеничко прашање беше упатено до министерот за транспорт и врски и се однесуваше на историскиот циклус на инвестиции во патната инфраструктура во кој Владата вложи многу напори во изминатиов период. Со оглед на големината на проектот за изградба на новиот автопат Миладиновци – Штип и значењето за источниот регион, пратеникот Мицевски го интересираше и го праша министерот за транспорт, до која фаза е изградбата на автопатот Миладиновци – Штип и колку проценти е пробиена трасата на овој автопат?
Одговорот на ова прашање го даде министерот за транспорт и врски каде напомена дека Македонија во моментов е едно големо градилиште и тоа не само во патната инфраструктура, туку во сите сфери. Во врска со автопатот Миладиновци – Штип министерот посочи дека тоа е голем проект кој се одвива со одлична динамика.
„Се работи за проект од преку 200 милиони евра. Моментално е во одлична динамика. Се работи ефективно, ние имавме можност и заедно со премиерот да одиме пред скоро време и веќе се асфалтира дел од патот, веќе околу 11 километри се комплетно асфалтирани. Моментално се пробиени преку 95% од трасата, се работи на земјени работи, на пропусти, на косини. Севкупни земјени работи се извршени некаде околу 58%. Од вкупно целосни плочести и цевасти пропусти завршени се околу 70%. Завршени се сите армирано-потпорни ѕидови. Моментално се работи на бетонирање на 5 мостови, на 8 надпатника, 4 подпатника и 5 виадукти. Вкупниот прогрес кога ќе ги соберете сите градежни активности излегува преку 40%“, заврши Мисајловски.Тој на оваа седница постави три пратенички прашања, од кои две беа упатени до претседателот на Владата Емил Димитриев и едно до министерот за транс