Можниот резултат на Мицкоски и ДПМНЕ на претседателските избори

Доколку детално ги следиме состојбите во Македонија ќе водиме дека на државата не и оди баш најдобро. Лажните ветувања на СДСМ излегоја како балони, безбедноста, промената на името, закон за јазици итн. Кога Мицкоски и ДПМНЕ би биле сериозена опозиција Заев веќе ќе се имаше спакуван од Илинденска б.б., но…
Нажалост во Белата палата раководството не работи ДПМНЕ да дојде на власт, ДПМНЕ нема ниту еден пријател, а раководството создава секој ден нови непријатели. Врвот на партијата е опкружен со секретарки, возачи, службени возила, а штабот претворен во хотел во кој се служат ручеци и десерти. Ако погледнеме кој се поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ ќе сфатиме дека членовите се чесни луѓе, просечно сиромашни, а дел припаѓаат на средната класа. Лидерот на партијата пак, Мицкоски припаѓа на елитата, ги црпи сите ресурси на партијата за негов личен луксуз, но и луксуз на неговите блиски. Обичните членови треба ова да го знаат.
Сега се оди на конвенција која е тотално намесета од самиот почеток до крајот. Веќе и врапчињата знаат дека Силјаноска е фаворит на Мицкоски. Таа Силјаноска која беше министер во транзицијата и заради таа Влада предводена од Бранко и Силјановска останаа илјадници луѓе без работа. Уште се чувствуваат последиците од транзицијата, спомениците од разрушени фабрики сеуште постојат, тие ги има низ секој град за да не потсетуваат на времето на Силјановска и Црвенковски.
Стратегијата е слична како и со Иванов, потписи, поддршка од неколку професори, потоа некој член на ИК, некој од ветераните како Мане Јаковлевски и тераме понатаму. Но Силјановска надвор од Скопје ретко некого познава, Силјановска ретко некого познава и во ВМРО-ДПМНЕ, нејзините пријатели се во СДСМ. Некои велат пропаднатите кадри на СДСМ дојдоа во ДПМНЕ…
Мицкоски по секоја цена ќе си ја турка Силјаноска. На крај ќе каже ете делагатите на конценцијата одлучиле. А делегатите се избрани лично од Мицкоски и неговите најблиски, задскриени позади осакатениот султански статут на ВМРО-ДПМНЕ.
Поразот со Силјановска на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде најголем во историјата на партијата. Во партиските кругови веќе се бараат и алиби за оправдување. Многу стари кадри од ВМРО-ДПМНЕ негодуваат со овој избор, многу луѓе повикуваат на бојкот на изборите… Всушност се е тоа мозаик од незадоволство предизвикано од Мицкоски во изминатава година, во која тој немаше став за ниту едно прашање освен за пазарџиите (гол популизам на прашање кое не го засега Хан).
Изборниот резултат ќе биде не повеќе од 200.000 гласови. Само за потсетување лани ВМРО-ДПМНЕ имаше 200.000 членови. Мицковски за една година ја уништи целата партија, а резултатите од ажурирањето покажуваат дека Мицкоски и раководството партијата ја донеле со број на членови колку ЛДП или можеби НСДП. Затоа ниту Јанушев, а ниту Мицкоски ги нема да се пофалат со бројките од „операцијата ажурирање“ која трае во недоглед ама нема процент кој е за прес. Инаку сега со фанфари ќе се соопштуваше насекаде.
После изборниот дебакл, на ионака разочараното членство ќе му биде јасно дека во нареднава декада со Мицкоски нема враќање на власт. Тогаш сите фракции и членови ќе побараат оставка од која нема бегање.
Доаѓа во ДПМНЕ со метла и големо генерално чистење од квази елитата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.