Мицковски си збореше на Албански во ТВ настап веројатно за да се додвори на Албанците?

Христијан Мицкоски, „стечајниот управник“ на ДПМНЕ (сите гледаме што се случува со партијата на дневно ниво), вечерва беше на интервју на телевизија Алсат М, каде водителката му ги поставуваше прашањата на албански јазик, тој имаше превод и потоа одговараше на македонски јазик.
При едно објаснување од водителката, тој и возврати со „по“, што на албански значи „да“. По ова, водителката го праша дали знае албански.
-Разбирам да. Нема ништо лошо во тоа. Познавањето на различни јазици може да ве направи само подобар човек, одговори Мицкоски. 
Веднаш по ова имаше лавина на реакции на социјалните мрежи токму поради оваа сервилност токму од членови и симпатизери на партијата. Некои прашаа дали е ова удварање кон Ахмети, човекот кој ја симна партијата од власт минатата година после само еден телефонски разговор. За него во една пригода Мицковски изјави дека е многу искусен и дека од него сака да учи.
Се разбира и Ахмети и сите добри познавачи на политичката сцена на овој гест можат да гледаат само со сеир и понимување, и да се смеат на инфлацијата на вредност која што партијата забрзано ја обезвреднува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.