Мицкоски лаже!

Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ фатен е во една голема лага. Впрочем Христијан Мицкоски кога излегува на ТВ дебати или на интервјуа не ја кажува вистината. Тој неодамна на гостувањето во Топ Тема го истакна следново:

“Христијан Мицкоски во неговиот живот нема апсолутно никаква концесија кон никого. Христијан Мицкоски е човек кој припаѓа на нова генерација на политичари кој што сака да ги порази оние транзициони политичари од едно време.”

За после некој месец да видиме еден нов моментум, а тоа е дека Мицкоски не само што не ги порази транзициските политичари туку ги воскресна, и не е било кој и на било која позација. Професорката Силјановска е кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, но исто така Силјановска била и во Владата на Бранко Црвенковски од 1992-1994 кога е смислена и креирана транзицијата.

Да потсетиме во време на транзицијата останаа без работа 200.000 граѓани, се затворија 1000ци фабрики. Но исто така најголем дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ се деца на жртвите на транзицијата. Деца кои не можеа да завршат факултети, не можеа да одат на одмор, деца кој мораа да работаат различни работи за да помогнат на нивните семејства. Додека од другата страна СДСМ со нивните функционери живееја луксузен и безгрижен живот на сметка на сите граѓани.

Делегатите кои и дадоја поддршка заедно со Мицкоски дали свесно поддржаа транзициски политичар или пак и тие некогаш припаѓале во круговите на транзициските политичари останува да видиме понатаму во кампањата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.