Мицковски: Комуникацијата меѓу АД ЕЛЕМ и владата мора да се одвива исклучиво преку процедури и закони

Loading...

Директорот на АД ЕЛЕМ Христијан Мицковски во денешното гостување во Вестите на Телевизија Сител вели дека вчерашната изјава била невообичаен начин на комуникација, бидејќи досега комуникацијата меѓу владата и компанијата одела преку кабинетите на владините претставници и неговиот кабинет.-Вчера неочекувано за мене, комуникацијата беше преку медиумите, истакна Мицковски, дополнувајќи дека АД ЕЛЕМ ги почитува законите и процедурите.
-Тоа значи дека сите законски елементи, односно сите законски членови кои што се пропишани со законот за јавни набавки се испочитувани. Посебно во првиот проект, а тоа е проектот за набавка на механизација, посочува Мицковски.
Според него, овој проект е предвиден според Годишниот план за јавни набавки и Годишната инвестициона програма на АД ЕЛЕМ кои се одобрени од владата преку Годишната програма за работење на Акционерските друштва во доминантна сопственост на државата.
-Согласно тоа, донесена е инвестициска одлука и отпочната инвестиција која што кулминира со позитивно решение од страна на Советот за јавни набавки, кој го добивме пред некој ден. Аналогно на тоа, ние веднаш откако го добивме,  ја подготвивме тендерската документација и истиот проект, во текот на вчерашниот ден беше објавен во Бирото за јавни набавки, рече Мицковски.
Потенцира дека станува збор за проект кој е исклучително важен за АД ЕЛЕМ, а целокупната процедура е согласна законот за јавни набавки.
-Ние работиме согласно законите и процедурите и законската процедура е таква, да ние не можеме да го поништиме тој проект. Постои процедура во која владата може да ни наложи, но тоа е нормално на владина седница, преку заклучок кој ќе ни биде доставен преку Надзорниот одбор, појаснува директорот на компанијата.
Мицковски вели дека комуникацијата меѓу АД ЕЛЕМ и владата мора да се одвива исклучиво преку процедури и закони.
-Не можеме ние преку соопштенија објавени  во медиумите да ја продолжуваме таа комуникација, рече Мицковски.
-Вчера неочекувано за мене, комуникацијата беше преку медиумите, истакна Мицковски, дополнувајќи дека АД ЕЛЕМ ги почитува законите и процедурите.

loading...