Невработеноста падна на рекордно најниско ниво и сега изнесува 22.9%. Тоа е резултат кој директно влијае на стандардот на граѓаните и постигнување од кое сите имаат корист, истакна на денешната прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. Во продолжение ви го пренесуваме интегрално текстот од прес-конференцијата.Тоа е разликата меѓу напорното работење на ВМРО-ДПМНЕ и деструктивните политики на СДС. Ваквите резултати не се постигнуваат со манипулации и креирање на лажни вести, туку со посветеност, знаење и работа.
ВМРО-ДПМНЕ особено е горда на најновите податоци на Државниот завод за статистика кои говорат за невработеноста.
Напорната работа, активните мерки за вработување, ниските даноци, политиката на странски инвестиции, поволната бизнис клима, оперативните планови на владата за вработување кои беа спроведувани изминативе години, придонесоа невработеноста да се намали на историски најниски 22.9%.
Да потсетиме дека во 2006-тата година кога ВМРО-ДПМНЕ преземавме власта од СДС, Македонија беше рекордер во Европа по највисоката стапка на невработеност и изнесуваше 38%. Тоа беше резултат на криминалната транзиција од страна на СДС.
Наша обврска и мотив беше таа невработеност да ја намалиме со креирање добра бизнис клима и отворање на нови работни места.
Па така во периодот од 2006-та година до денес отворени се нови 175.000 нови работни места. Дури и во услови на длабока политичка криза ние повторно работевме на намалување на невработеноста и само во последната година споредено првиот квартал од 2017 со првиот квартал од 2016 година, отворени се 20.000 нови работни места, додека пак само во првиот квартал од 2017 година кога политичката криза кулминираше, благодарение на политиките на владата на ВМРО-ДПМНЕ се отворија 3.000 нови работни места споредено со четвртиот квартал од 2016 година.
Намалувањето на невработеноста и отворањето на нови работни места во континуитет се спроведуваат изминативе 10-тина години.
Граѓаните и во иднина очекуваат мерки кои ќе го подобрат нивниот стандард, а не блокирање на проекти и најави за уривање и укинување.
Граѓаните и во иднина очекуваат отворање на нови 64.000 работни места, просечна плата од 30.000 денари, минимална плата од 16.000 денари исто така во првата година, а докторите очекуваат плата од 100.000 денари. Граѓаните исто така очекуваат и стабилна економија и годишен раст комулативно секоја година од 5%.
Ветувања кои се дадени од страна на новата влада предводена од СДС мора да се реализираат со роковите кои си ги зададоа како ветувањаа не да се релативизираат. Граѓаните немаат време за чекање и водење гола политика и гол популизам.
Македонија се сака со дела, со многу работа и одрекувања.
Тоа е разликата меѓу напорното работење на ВМРО-ДПМНЕ и деструктивните политики на СДС. Ваквите резултати не се постигнуваат со манипулации и креир