Домашното производство на електрична енергија е сосема доволно за да во најмалку 95 проценти од потребите на граѓаните и индустријата која што е на регулираниот сегмент од пазарот на електрична енергија биде задоволена, вели во интервки за ТВ НОВА советникот за енергетика во Владата, Кристијан Мицковски.Мицковски рече дека производните капацитети на државната компанија АД ЕЛЕМ се во прилично незавидна ситуација односно спремни да го реализираат ова производство односно да ги задоволат потребите на граѓаните и на индустријата која што е на регулираниот сегмент од пазарот, а за останатиот мал дел станува збор за сегмент на увоз кој што е условен доколку не успееме од домашно производство, меѓутоа станува збор за 2,3,4 проценти од вкупните потреби и еден мал дел од околу 1 отсто, нешто помалку од 1 процент останува на произведена енергија од страната на обновливите извори на енергија.
-Обновливите извори на енергија се значаен сегмент во политиките на владата, кога велиме значаен сегмент. Во минатото односно пред 2006 година имаме нула производни капацитети кои што користат обновлива енергија, имаме нула мегават инсталиран капацитет, имаме нула гигават произведено количество на електрична енергија, меѓутоа од 2006 година наваму, сериозен пристап, темелен пристап, сериозна методологија подразбира и сериозни инвестиции во овој сегмент, а овој е многу значаен сегмент бидејќи е алатка во напредокот на Македонија во евро-интегративните процеси, односно ние мораме како држава да исполниме одредени критериуми покрај сите оние политички и останати и енергетски, односно до 2020 година одреден процент од производните капацитети да биде од обновлива енергија. Ние интензивно работиме во таа насока и денеска, ако ја направиме пресек ситуацијата на 31 декември 2015 година ќе видиме дека во Македонија се среќаваат производни капацитети кои користат разни видови на обновлива енергија, како што е водата, сонцето, ветерот, биомасата и така натаму. 31 декември 2015 година ние во Република Македонија имаме нови 58 изградени мали хидроелектрични централи, нови 58 мегават инсталирана снага и некаде 110 гигават часови произведена електрична енергија. Тоа е всушност резултатот по кој што се валоризира и кфантифицира еден проект дали е успешен или не. За нас инзорен е успешен бидејќи ако ги погледнеме статистиките од страна ДЗС, и ако заклучиме дека едно просечно семејство во Македонија месечно троши околу 500 киловат часови електрична енергија, тогаш овие 110 гигават часови електрична енергија произведени од малите хидроелектрични централи е еквивалент на 18 нешто повеќе од 18 илјади македонски семејства да ги задоволат годишните потреби од електрична енергија. Тоа се 18 илјади домови, каде нашите деца, ученици, домаќини и домаќинки, студенти подготвуваат своите домашни задачи, ги подготвуваат своите испити во домови осветлени со електрична енергија добиена од обновителни извори, меѓутоа тоа е еден мал сегмент кој што се однесува на техничката анализа, тука секако се присутни сонцето, ветерот, биомасата, меѓутоа да ја погледаме и другата страна, економските бенефити од овие проекти, рече Мицковски.
Тој нагласи дека овие 58 проекти се еквивалент на преку 100 милиони евра гринфилд инвестиции во енергетскиот сектор, ако на ова се додадат и останатите проекти доаѓаме до преку 200 милиони евра бројка дирекни инвестиции, домашни и странски. Имаме инвеститори од Германија, Австрија од Италија, Словенија, голем дел се домашни и така натаму.
-Малите електрани ги градеа повеќе од 1500 градежни работници, секое утро повеќе од 300 млади инженери својот работен ден го започнуваа во машинските сали на овие мали хидро-електарни, притоа запознавајќи се со најновата технологија, запознавајќи се со процесот на управување на овие електо-енергетски објекти и ова претставува сериозна додадена вредност за нашата држава, станува збор за исклучителен проект, оваа влада работела и ќе продолжи да го подржува процесот во инвестирање на обновлива енергија, тоа значи сериозна додадена вредност за целата економија, рече Мицковски.
Согласно правилата на Регулаторната комисија и согласно законите енергетските компании кои што го сочинуваат на електрична енергија, тоа се ЕЛЕМ; МЕПСО и снабдувачот ЕВН, на средината во јуни месец, на средината од секоја фискална година ги декларираат успесите или неуспесите во своето работење, трошоците и приходите и врз основа на анализа и методологија дефинирана и прифатена од страна на Регулаторната комисија а идентична како и сите земји од ЕУ, ќе излезе со свој став и ќе бидеме сведоци на нјовата цена на електрична енергија, меѓутоа она што е значајно за граѓаните на Република Македонија е што минатата година Македонија е единствената држава во регионот, можам да кажам и во ЕУ која не ја зголеми цената за електрична енергија за своите граѓани.
-Одржувањето на енергетските капацитети е исто така прилично динамичен процес, кој што бара сериозна подготовка, анализа и во енергетиката за разлика како во други области резултатите не доаѓаат од денес за утре, треба еден автер период ние што го викаме последователен период па да видиме како ќе бидат резултатите за неколку години од сега, често пати можеби повеќе и од 10 години, меѓутоа она што е значајно државата преку енергетските компании, најголемите производители а тоа е државната компанија ЕЛЕМ води сериозна сметка, прави анализа се подготвува, тековно ги одржува, реновира, реконструира, модернизира, а изминативе 10 години се вложени повеќе од пола милјарда евра од државните компании, рече Мицковски.
Тој нагласи дека гасификацијата е прилично значаен сегмент од нашето внимание, во моментов тече процес на завршување на една делница.
-Тоа е делницата од Клечовце до Штип, изминатиот период завршија и тендерските постапки за избор за најдобар понудувач за изградба на делниците од Скопје до Гостивар, односно од Штип до Неготино, а во подготовка исто така е и делницата од Неготино преку Прилеп до Битола, значи државата сериозно инвестира во изградба на примарната инфраструктура за донесување на гасот до граѓаните, изјави Мицковски.Мицковски рече дека производните капацитети на државната компанија АД ЕЛЕМ се во прилично незавидна ситуација односно спремни да го реализираат ова