Мицотакис како премиер ќе го подбрува рејтингот на Грција на „Дуинг Бизнис“ по примерот со Македонија

Loading...

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис, за кој се препоставува дека би бил новиот премиер на Грција, кога ќе се одржат предвремени избори, истакна дека клучен приоритет на неговата влада ќе биде привлекување странски директни инвестиции.Во говор на евро-арапскиот самит што се одржа во Атина, Мицотакис истакна дека неговата партија знае како да ја врати Грција на „вистинскиот пат“ и како да привлече инвестиции.
– Особено атрактивните инвестиции ќе бидат под мој непосреден надзор. Грција тогаш ќе биде сигурен партнер на меѓународната инвестициска заедница, истакна лидерот на Нова демократија.
Според него, времето истекува и можностите остануваат неискористени, затоа што во земјата недостасуваат можности за инвестирање.
– Тие постојат. Нашата влада ќе спроведе реформи кои Грција, најпосле, ќе ја направат атрактивна глобална инвестициска дестинација. Влада што го зборува јазикот на инвеститорите… Влада која внимателно ќе се соочува со сите пречки со кои се ограничува бизнисот во земјата денес, со цел да се справиме методично и ефикасно. Тоа ќе биде наша главна цел и која ќе се оцени со значително подобрување на земјата во индексот „Дуинг бизнис“ на Светската банка, наместо да го толерира, како набљудувач, постепеното намалување на вредноста на ова многу важно рангирање, истакна Мицотакис додавајќи дека актуелната грчка Влада, ниту сака, ниту може да го направи тоа. Тој додаде дека владата ги зголемува даноците, наместо да ги намали трошоците и  резултатот е давење на економијата со што Грција непотребно влегува во нов период на рецесија.
За разлика од Македонија, која е највисоко рангирана економија од регионот и 10-та глобално рангирана од 190 економии во светот, Грција во последниот извештај „Дуин бизнис 2017“ падна за три места на 61 позиција.
Ова е втора година по ред како македонската позиција на листата е подобрена, а грчката е влошена поради тоа што постојаните пречки за претприемништвото ги бркаат инвеститорите, што е еден од главните услови за закрепнување на грчката економија.
Грција годинава има ист резултат како во 2015 година што укажува на стагнација во период кога се неопходни брзи реформи, додека другите земји преземат дополнителни чекори и имаат предност во однос на Грција во подобрување на бизнис активностите и привлекување на инвеститори.
Најверојатно поради слабите резултати, во Грција годинава речиси воопшто не беше посветено внимание на овој значаен извештај, а за Македонија, за која секојдневно се пренесуваат секакви информации, немаше ниту збор за рангирањето на нашата земја во „Дуинг бизнис 2017“.
Очигледно е дека во оваа сфера медиумите се малку поблаги кон Ципрас, за разлика од  односот кон Самарас на кого пред две години, неколку месеци пред да загуби на изборите, еден весник му порача дека треба да учи од македонската Влада како се привлекуваат странски инвестиции.
„Владата на Република Македонија нуди многу атрактивен пакет за потенцијалните инвеститори од странство, кој грчкиот премиер треба сериозно да го разгледа“, напиша тогаш „Весникот на уредниците“ во анализа насловена „Ние црвен тепих, соседите пакет понуди“, во кој заклучи дека од реалната ситуација „произлегува прашањето дали ќе биде мудро и Грција да избере сличен модел за да привлече странски инвестиции и, се разбира економски развој ориентиран кон извоз во наредните години“.
Според најновиот извештај на Светската банка, Дуинг бизнис 2017, Македонија е меѓу најдобрите 10 светски и пет европски економии за водење бизнис.Во говор на евро-арапскиот самит што се одржа во Атина, Мицотакис истакна дека неговата партија знае како да ја врати Грција на „вистинскиот

loading...