Microsoft во Сан Франциско ја претстави следната верзија на нивниот оперативен систем Windows кој ќе ја носи ознаката 10. Компанијата ја скокна Windows 9 верзијата, за да го нагласи напредокот постигнат со новиот производ.Официјалната продажба на „дестката“ ќе стартува во текот на следната година, а во системот ќе биде вратено Start менито.
Според Тери Мејерсон, извршниот заменик претседател на Microsoft, десетката претставува комплетно нова генерација на Windows. Системот ќе се наплаќа како една платформа за сите уреди, а ќе се наоѓа на една универзална продавница за апликации.
Корисничката демо-верзија на Windows 10 ќе биде лансирана на почетокот на следната година, а финалната ќе се појави во средината на 2015 година. Сепак се уште нема податоци за цената на новата верзија.
Повеќе на GSM.MKОфицијалната продажба на „дестката“ ќе стартува во текот на следната година, а во системот ќе биде вратено Start менито.
Според