Microsoft го згасна Hotmail

Компанијата Microsoft објави дека го завршила префрлањето на сите постојни Hotmail адреси на сервисот за електронска пошта Outlook.com, со што популарниот Hotmail е целосно згаснат. Притоа, според пишувањата на американските медиуми, корисниците не мораат да ги менуваат своите адреси со суфиксот Hotmail, а Microsoft ги пренасочил на Outlook.com кој бележи пораст на корисниците и во моментов на овој сервис се активни околу 400 милиони корисници. Според тврдењата од Microsoft, ваквата операција воопшто не било лесно да се изведе, бидејќи требало да бидат преселени стотици милиони активни сметки, со околу 150 милиони гигабајти податоци, вклучувајќи електронска пошта, календари, контакти и лични постови на сите кориснички сметки. Овој процес траел цели шест седмици. „Веруваме дека луѓето ќе го засакаат Outlook повеќе отколку што го сакаа Hotmail. Внимателно ослушнуваме што коментираат нашите корисници и ќе ги направиме сите прилагодувања и промени за да бидат уште позадоволни“, изјави програмскиот менаџер на Microsoft, Дик Крејдок. Инаку Outlook.com има сосема поинаков изглед и навигација од Hotmail, а повеќето нови функции се веќе видени во новиот оперативен систем Windows 8. Новиот сервис, исто така, на корисниците ќе им овозможи полесна интеграција на сервисите на социјалните мрежи како што се Facebook, Twitter и LinkedIn. Еден од најпопуларните сервиси за електронска пошта Hotmail беше претставен во 1996 година, кога беше независна компанија којашто Microsoft ја купи во 1998 година за 400 милиони американски долариКомпанијата Microsoft објави дека го завршила префрлањето на сите постојни Hotmail адреси на сервисот за електронска п

Пронајдете не на следниве мрежи: