Microsoft најави дека во оваа година ќе отпушти до 18.000 лица, односно 14 отсто од својата работна сила во рамки на реорганизирањето на одделот за мобилно работење на Nokia…Најголемото отпуштање на работници во 39-годишната историја на компанијата е најавено по пет месеци мандат на извршниот директор Сатја Надела.
Околу 12.500 работници ќе бидат отпуштени со цел да се елиминираат работните операции кои се преклопуваат со Nokia, која Microsoft ја купи за 7,2 милијарди долари.
Microsoft не објави колку работни места ќе бидат укинати во Nokia, а колку во постојните работни операции. Со купувањето на мобилното работење на Nokia, бројот на вработени во Microsoft се зголеми за 25.000, со што вкупниот број на вработени достигна 127.000.
Дознјате повеќе на: gsm.mkНајголемото отпуштање на работници во 39-годишната историја на компанијата е најавено по пет месеци мандат на извршниот директор Сатја Надела.