А.Б. (25) од Пакистан и уште четири непознати лица, заработија кривична пријава за разбојништво.Според податоците од полицијата, во куќа во селото Ваксинце, Липково, четири дена насилно држеле две лица од Авганистан и побарале од нив да им бидат исплатени 1.500 евра преку Вестерн Унион.
По ова барале да им бидат исплатени дополнителни парични средства, а потоа на лицата им нанеле убодни рани по телото.