Мигрантите се обидуваат да влезат во Македонија разбивајќи ја жичената ограда

Илјадници мигранти се обидуваат да влезат во Македонија, при што ја разбиваат жичната ограда која била поставена од македонската страна.Двојната ограда, изгледа, нема да ги спречи бегалците и мигрантите да влезат во Македонија и да го продолжат патот на балканската рута до западна Европа.
“Ситуацијата е катастрофална. Македонците не ги отвораат границите, а доаѓаат сè повеќе луѓе. Многу луѓе долго чекаат за храна и вода. Доколку не се реши оваа ситуација, состојбата ќе се влоши”, рекла Хамза, бегалка од Сирија.
Македонската полиција користела солзавец на мигрантите кои денес се обиделе насилно да влезат во нашата земја од Грција.
Голем број мигранти ја пробиле оградата, а полицијата искористила солзавец на групата која рушела металната врата.
Reuters известува дека околу 10.000 бегалци не можат да влезат во Македонија, а сместени се во камп кој може да прими 2.500 лица. Така кампот кој е направен само за краток престој, веќе со денови “вдомува” илјадници луѓе.
До блокадата на мигрантите дошло откако Македонија пред една седмица одлучила да ја затвори својата граница за Авганистанците. Македонија од Сиријците и Ирачаните бара лични документи покрај пропусницата која ја издаваат грчките центри за регистрација, и ги одбиваат сите оние кои ги поседуваат потребните документи.
Во Атина пристигнал траект со 1.800 нови бегалци. Според UNHCR, околу 3.000 луѓе пристигнуваат на грчките острови секој ден.
Според извештаите на грчките медиуми, моментално во Грција има повеќе од 25.000 бегалци.Двојната ограда, изгледа, нема да ги спречи бегалците и мигрантите да влезат во Македонија и да го продолжат патот на балканската рута до западна Е

Пронајдете не на следниве мрежи: