Со свој став се огласи актерот Тони Михајловски на социјалните мрежи.Работите никогаш не биле толку јасни, порача Михајловски во својата објава, потсетувајќи на сите зла што и се нанесени на Македонија од страна на опозициската СДСМ и нивните соработници.
„Велиш ќе гласаш за живот, пријателе. Супер.
Ќе гласаш за оние што имаат два атентати на 4ца Претседатели? За живот ?
Ќе гласаш за оние што сакаат да ја поделат Македонија и да живееме во кантони? И тоа ќе биде живот или соживот? Ќе гласаш за оние кои ги ставиле сите тешки индустрии во градовите?Велиш дека ќе гласаш за чист воздух.
Ќе гласаш за живот, и тоа за оние кои им го уништија животот на 300 000 Македонци.
Ќе гласаш за оние што ги затворија сите фабрики? Ќе гласаш за оние што ни подметнаа војна, за подобар живот секако. Ќе гласаш за оние што ти го сменија името, знамето и територијата без да те прашаат, и ти велиш ќе гласаш за демократија? Ако. И да гласаш. ТвОе право. Јас нема да те мразам, како ти мене.
Јас пак за разлика од тебе ќе гласам да ја сочувам земјата. Ќе гласам за Македонија. За македонски, за Македонци , за себе!
Зошто?
Затоа што јасен е планот. Да ја нема Македонија. Одамна работите не биле толку јасни. Никогаш не сме имале толку многу да понудиме, наспроти едно огромно ништо од другата страна.
Затоа што ја сакам својата земја, и затоа што мојот народ мене ми е најубав на целиот свет, Затоа ќе гласам за ВМРО-ДПМНЕ.“, порача Михајловски.Работите никогаш не биле толку јасни, порача Михајловски во својата објава, потсетувајќи на сите зла што и се нанесени на Македонија од страна на о